Доколку ви сте љубител на кремасти салати ви предлагаме да ја пробате оваа салата со јајца и кисели краставички. Може да ја послужите како прилог со ручекот или да ја ставите во сендвич направен од интегрално лепче во комбинација со марула и кашкавал. Брзо се припрема, а е многу вкусна!
Оваа салата со јајца, кисели краставички и прелив од сенф и мајонез е вегетаријанска и не содржи глутен.

Состојки:
- 5 јајца
- 5 кисели краставички
- 1 лажица мајонез
- 1 мала лажичка сенф
- 2 лажици од течноста на киселите краставички
- сол и црн пипер по вкус
- млади листови нане за декорација.
Подготовка:
- Јајцата ставете ги во тенџере со вода, да се варат. Штом водата во тенџерето ќе зоврие варете ги 8 до 10 минути. Варените јајца оставете ги кратко време да се изладат, а потоа излупете ги и исечкајте ги на коцки.
- Киселите краставички исечкајте ги на коцки. Јајцата и краставичките ставете ги во чинија и наросете сол и црн пипер.
- Во мал длабок сад ставете ја лажицата мајонез, сенфот и течноста од киселите краставички. Измешајте ги за да добиете хомогена смеса.
- Во садот со јајца и краставички, додадете го преливот со мајонез и измешајте.
- Подготвената салата со јајца и кисели краставички декорирајте ја со млади листови нане. На здравје!
Препорака од авторот:
Ти се допадна рецептот? Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:
- Instagram – @kocovska.marija
- Facebook – Marija Kocovska
- Youtube – Marija Kocovska
- Tik Tok – @marija.kochovska.
Може да те интересира: Готвиме со Марија Кочовска: Медитерански мезе залачиња со кремаст песто сос.