Направете сами домашна јаболкова киселина 1

Направете сами домашна јаболкова киселина

Јаболковата киселина е една од намирниците кои морате да ги имате во домот. Освен за слабеење и хранливост, таа може да користи и во служба на убавината, па во оваа прилика ви даваме можност да си направите домашна јаболкова киселина, природна и произведена од вас.

Сигурно веќе знаете колку е јаболковата киселина здрава за срцето и какви се позитивни ефекти има врз нашето здравје. Најмногу се користи за готвење, а често и како лек за разни болести. Зар не би било прекрасно да ја имате постојано при рака? Да, тоа е возможно, а потребни ви се само малку органски одгледани јаболка.

Направете сами домашна јаболкова киселина 2

За да направите домашна јаболкова киселина потребно ви е:

  • измиени и нарендани јаболка – може и сечкани на кришки или да ги ставите во блендер за фино да се измелат)
  • шеќер – потребен за ферментација, а него воопшто ќе го нема во финалниот производ. Ако користите покисели јаболка, додајте 1% шеќер на вкупната количина јаболка.
  • голема стаклена или пластична тегла
  • парче чиста газа.

Подготовка:

  1. Измиените и нарендани јаболка ставете ги во стаклена или пластична тегла и наросете малку шеќер врз нив.
  2. Прелијте ги со вода и покријте ги со парчето чиста газа, а потоа оставете ги да стојат на температура од околу 20 степени.
  3. По 7-10 дена, ќе започне да се чувствува мирисот на јаболкова киселина во просторијата каде ја чувате. Мирисот е доста јак, затоа најдобро би било да ја чувате во подрумот, шпајзот или некоја друга просторија во која не престојувате често, наместо во кујна или дневна соба.
  4. По време од месец дена можете да пробате дали ви одговара киселоста на киселината. Доколку е доволно јака по ваш вкус, време е да ја процедите течноста и да ја складирате во чисти стелилизирани шишиња.

Ви препорачуваме да прочитате: Јаболкова киселина – храна и лек за 27 болести.

Сподели: