лековит чај против грип и настинки 1

Направете сами лековит чај против грип и настинки

Крајот на летото и раната есен се периоди кога проблемите со грлото и кашлиците настапуваат на сцена. Посебно ако имате мали деца, ова ќе биде корисна информација за вас. На лесен начин и природно, може да подготвите домашен лековит чај против грип и настинки и да се ослободите од тегобите.

За овој чај не ви се потребни некои специфични состојки кои тешко се наоѓаат, напротив, скоро редовно имате сѐ во вашата кујна.

лековит чај против грип и настинки 2

Може да ве интересира: 9 намирници кои треба да ги јадете при грип и настинка.

Состојки:

  • 430 мл вода
  • 1 стапче цимет
  • 2-3 кругови/кришки ѓумбир
  • 5 семенки кардамон
  • прстофат сув кориандер
  • 3-4 зрна црн пипер
  • 2 каранфилчиња
  • 1 лажичка црн чај.

Подготовка:

  1. Сите состојки варете ги 5-7 минути, па тргнете го садот од оган, поклопете го и оставете да стои 10 минути.
  2. Процедете ја течноста и чајот пијте го засладен со мед, но медот не го ставајте додека чајот е жежок, бидејќи така губи дел од своите корисни својства. Исто така, имате можност овој чај да го пиете како освежителен напиток. Оставете го да се излади, ставете му 1-2 кругови портокал или лимон и ставете го во фрижидер.

Ви препорачуваме да прочитате: Ефикасен домашен чај од ѓумбир за настинка и грип.

Сподели: