Печено пиле со зачини 1

Печено пиле со зачини

Тајната на совршено вкусното испечено пиле со крцкава кора, а меко и сочно месо, се крие во зачините и прилагодената температура на печење! Има разни рецепти, а во оваа прилика ќе ви кажеме за еден кој во последниот период ни е омилен! Пробајте го нашиот најнов хит рецепт за печено пиле со зачини и подгответе вкусен семеен ручек како вистински професионалци.

Овие празници изненадете ги вашите најблиски и подгответе им пиле по нов рецепт. Разбудете ја фантазијата и играјте си со зачините, крајниот резултат ќе ве изненади, a ние ви гарантираме дека ќе ви се исплати трудот.

Печено пиле со зачини 2

Состојки:

*Зависно од големината на пилето, количината на зачините може да варира и да е поголема.

Наш предлог за прилог и сервирање:

  • покрупни парчиња компири или цели млади компирчиња
  • кришки портокал по потреба
  • гранчиња рузмарин по желба.

Подготовка:

  1. Најпрво темелно измијте го пилето под млаз ладна вода и исчистете го од маснотиите, па исушете го со кујнска салфетка.
  2. Потоа, ставете го во сад за печење и премачкајте го со Брилијант масло.
  3. Во сад измешајте ги крупната сол, црниот бибер, ориганото, зачинот за пилешко, буковската нелута и лута пипер. Со вака подготвената смеса од зачини посипете го пилето.
  4. Зачинетото пиле печете го во претходно загреана рерна на 230 степени, околу 20 минути. Потоа намалете ја температурата на рерната на околу 200 степени и продолжете со печење уште дополнителни 40-тина минути.
  5. Прилогот може да го ставите да се подготвува во истата тава, или одделно по желба.
  6. Готовото печено пиле со зачини послужете го додека е топло. На здравје и уживајте во светот на вкусовите со Витаминка!

Ви препорачуваме да прочитате: Пилешко со сос за скара повкусно отколку со стандардна маринада.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран рецепт.

Сподели: