Похувани ќофтиња од карфиол

Похувани ќофтиња од карфиол

Карфиолот е многу здрава хранлива намирница која нуди разни можности за консумација. Може да го јадете свеж и да ги користите сите негови здравствени придобивки, но исто така од карфиол може да јадете превкусни специјалитети како што се овие похувани ќофтиња од карфиол. Супер се за мезе, предјадење или вегетаријански оброк!

Похувани ќофтиња од карфиол

Состојки:

  • 1 кг карфиол
  • 1 јајце
  • 4 лажици пармезан или кашкавал
  • 3- 4 лажици лебни трошки
  • сол по вкус
  • црн пипер по вкус
  • рендано морско оревче по вкус.

За похување:

  • 1 јајце
  • лебни трошки по потреба
  • масло за пржење по потреба.

Подготовка:

  1. Карфиолот разделете го на мали цветчиња и ставете го да вари во вода околу 10 – 15 минути за да омекне.
  2. Исцедете го од водата и оставете го да се излади, а потоа со алатка за пире изгмечете го.
  3. Додајте сол по вкус, малку црн пипер, рендано морско оревче, додајте го пармезанот или кашкавалот, претходно раматеното јајце со помош на виљушка, лебните трошки и измешајте ги со лажица да се изедначат.
  4. Од смесата формирајте ќофтиња, па извалајте ги во јајце претходно разматено со виљушка, па на крај стаете ги во лебните трошки.
  5. Пржете ги во поголема количина загреано масло од двете страни.
  6. Испржените ќофтиња од карфиол извадете ги на салфетка да се впие вишокот на маснотија. Послужете ги топли како прилог на месо или со домати, сирење и слично по желба.

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Сподели: