Појадок од нашето детство - бисквити со млеко 1

Појадокот од нашето детство – бисквити со млеко!

Дали се сеќавате на радосниот мирис од нашето детство!? Бисквити со млеко е комбинацијата што ниедно дете не ја одбива и со радост ѝ се насладува!

Тоа е појадокот што го јадевме во детството и тоа е вкусот што и денес буди спомени. Нашите мајки нѐ повикуваа на трпезата со гласна најава дека ќе го имаме омилениот појадок. А наше беше да избереме дали ќе додадеме шеќер или мед во комбинацијата.

Појадок од нашето детство - бисквити со млеко 2

Обожававме да ги приготвуваме заедно со нашите мајки и баби. Ни беше омилен традиционален собир наутро, а несомнено е дека во овој вкус уживаме и до денес! Нема посебен рецепт, сѐ е по наша желба, а вкусот ни е загарантиран. Неколку издробени бисквити, подгреано млеко и мед или шеќер по свој избор, овој појадок дава енергија и со сигурност го подобрува расположението.

Појадок од нашето детство - бисквити со млеко 3

Во најпознатата македонска фабрика за производство на слатки задоволствa – Vincinni, се произведуваат највкусните бисквити Petit Beurre во повеќеграмски пакувања од 200, 400 и 800 грама. Бисквитите Petit Beurre на  Vincinni се секогаш тазе и секогаш вкусни за подготoвка на највкусниот појадок.

Може да ве интересира: Брза непечена чоколадна торта со бисквити за 5 минути.

Појадок од нашето детство - бисквити со млеко 4

Ви препорачуваме да прочитате: 5 лесни матурски десерти кои може да ги направите за 15 минути.

Сподели: