празнични свеќници од пластични лажици 1

Лесно направете празнични свеќници од пластични лажици

Празниците се време за уживање, а црвената, зелена боја, златните и светкави нијанси се нивно карактеристично обележје. За да го надополниме празничното расположение, овој пат ви предлагаме да направите празнични свеќници од пластични лажици.

Многу лесно се прават, може секој. Потребни ви се само неколку нешта, воопшто не е скапо и е супер интересно.

Потребно:

  • картон
  • шестар или предмет со кружна форма
  • ножица
  • пластични лажици
  • бои по желба (темперни или други густи бои) во случајов црвена, зелена и жолта
  • четка
  • молив
  • сад за мешање на боите
  • мали свеќи
  • украсни бисерчиња
  • силикон за лепење.

Начин на подготовка:

  1. Најпрво на картонот исцртајте 3 кругови на еднаква оддалеченост, па поврзете/нацртајте ги со моливот во една целина (најдобро погледнете во видеото).
  2. Со помош на ножица исечете по надворешните рабови на формата која сте ја добиле откако сте ги споиле круговите.
  3. Растворете ги боите и со нив намачкајте ја горната страна на заоблените делови од лажиците. Дршките не се мачкаат, а потребни се за сушењето.
  4. Откако бојата добро се исушила, пресечете ги лажиците на местото каде се спојува дршката со заоблениот дел.
  5. Откако сите лажици се набоени и со исечени дршки, спремни се за наредниот чекор.
  6. Земете го претходно припремениот картон и со помош на силиконот почнете со лепење. Лажиците треба да ги залепите на секој од круговите, така што ќе оформите по еден кружен ред на секој круг (за најлесно да разберете погледнете го видеото).
  7. Откако првиот ред се исушил, повторете ја постапката и со вториот ред.
  8. Потоа, на секоја од лажиците, залепете по едно бисерче за декорација. Започнете од вториот ред и залепете ги бисерчињата во средината на лажиците. Потоа залепете и на секоја лажица од првиот ред, но во овој случај на врвовите.
  9. На крај, поставете мала свеќа во средишниот празен простор, запалете ги и уживајте во своето дело!

Ви препорачуваме да прочитате: За неколку минути направете празнични свеќници од чаши.

Сподели: