средство за миење на лице

Природно средство против акни со јаболкова киселина

Јаболковата киселина, верувале или не, не е корисна само во кујната, туку претставува една од најдобрите природни козметички состојки кои ни се на располагање. За јаболковата киселина се вели дека е одлична за лекување на проблематична кожа, па затоа ви предлагаме да направите природно средство против акни. 

За да се ослободите од досадните акни не мора да трошите голема сума на пари за скапи козметички препарати. Сѐ што ви е потребно се само мала количина и тоа мед, јаболкова киселина и масло од чајно дрво. Употребата на јаболкова киселина врз вашето лице е сигурна, со оглед на тоа дека се работи за природен производ. Меѓутоа, ако сакате најдобри резултати, ќе мора да ја користите на вистинскиот начин.

средство против акни

Природно средство против акни за миење на лицето со јаболкова киселина

Состојки:

  • ½ чаша мед
  • ¼ чаша јаболкова киселина
  • 5 до 10 капки масло од чајно дрво.

Подготовка и употреба:

  1. Во сад ставате ги медот, јаболковата киселина и капките масло од чајно дрво. Добро измешајте ги и ставете ги во пластично или стаклено шише. Шишето чувајте го на темно и ладно место.
  2. Пред употреба добро протресете го шишето.
  3. Врз влажна кожа нанесете од средството за миење на лице и убаво масирајте насекаде, одбегнувајќи го пределот околу очите. Потоа, со помош на влажни памучни тупфери поминете низ лицето. На крај, лицето измијте го со млака вода и нежно избришете го со крпа.

Ви предлагаме да прочитате: Домашно парење на лице за мрсна кожа склона кон акни.

Сподели: