Рецепт за домашни њоки во доматен сос 1

Рецепт за домашни њоки во доматен сос

Италијанската кујна е неодолива во секој случај! Сте слушнале ли некогаш, било кој да рече дека не му се допаѓа?! Скоро и да нема такви луѓе, па еве еден многу вкусен рецепт за домашни њоки во доматен сос!

Може да ве интересира: Домашни равиоли со пилешко во сос од павлака.

Рецепт за домашни њоки во доматен сос 2

Состојки:

За тесто:

  • 200 гр рикота сирење
  • 100 гр брашно
  • малку сол

За сос:

  • околу 150-200 мл погуста доматна салса со босилек
  • 1 лажица путер
  • 2 лажици рендано грана сирење
  • 1 чешне лук.

Подготовка:

  1. Започнете со подготовката на тестото за њоките. Во сад ставете го брашното, рикотата и малку сол, па замесете тесто. Тестото поделете го на помали топчиња. Секое топче со раце издолжете го и исечете на помали парчиња.
  2. Направете го сосот. Во тава на оган ставете го путерот да се растопи. Додајте ја доматната салса и сечканото лукче. Откако салсата ќе прокрчка додајте го грана сирењето.
  3. Додека го подготвувате сосот паралелно ставете вода со малку сол да зоврие.
  4. Во зовриената вода ставете ги њоките да се варат. Готови се штом излезат на површината на водата.
  5. Сварените њоки ставете ги во сосот. Измешајте и сервирајте со наросување на малку грана сирење. На здравје!
  6. Препорака плус од Катерина: „Количината на доматната салса не ја мерев прецизно, значи од око ставив 150-200мл. Доколку не најдете готова салса со босилек, можете да си додадете ситно сечкани ливчиња свеж босилек.“

Рецептот го испратил: Катерина Милошевска Глигороска.

Ви препорачуваме да прочитате: Домашни кори со спанаќ (рецепт за јуфки).

Сподели: