Солени чизкејк мафини со лосос 1

Солени чизкејк мафини со лосос

Многу се симпатични за визитарски поводи, а и домашно уживање! Зошто да не, нели?! Овие мали солени задоволства кои се спакувани во вид на мини чизкејк мафини со лосос, се служат како ладно предјадење. Ќе ги израдувате саканите и гостите, пробајте ги!

Може да ве интересира: Солени мини мафини.

Солени чизкејк мафини со лосос 2

Состојки:

За основа:

  • 100 гр солени крекери
  • 50 гр путер

За фил:

  • 100 гр чаден лосос
  • 200 гр крем сирење
  • 120 гр рикота сирење (за замена може да користите урда)
  • 120 гр густ јогурт/кисело млеко
  • 1 лажица ситно сечкан магдонос
  • 1 лажица свеж или сув власец
  • 3 листа желатин (или околу 1/2 ќесичка)
  • сол и црн пипер по вкус.

Подготовка:

  1. Крекерите измелете ги и ставете ги во сад.
  2. Путерот стопете го, па измешајте го добро со претходно измелените крекери.
  3. Смесата распоредете ја во 6 калапи за мафини обложени со хартиени кошнички.
  4. Со притискање со лажица, полека израмнете ја површината, па калапот ставете го во фрижидер за да се изладат и здрват.
  5. За тоа време подгответе го филот. Во сад ставете ги рикотата, крем сирењето, власецот, магдоносот и лососот, претходно исечкан на ситни парчиња.
  6. Желатинот натопете го во малку вода за да набубри.
  7. Оддвојте 2-3 лажици од јогуртот и малку стоплете го, па додајте го желатинот и измешајте го за да се стопи.
  8. Додајте го и сирењето во садот, измешајте малку и на крај додајте го и останатиот јогурт. Повторно измешајте ја смесата. Додајте и сол и црн пипер по вкус.
  9. Наполнете ги калапите и оставете ги во фрижидер за убаво да се стегнат и разладат.
  10. Пред служење внимателно извадете ги од калапите и остранете ја хартијата. Украсете со парчина лосос или по желба. На здравје!

Рецептот го испратил: Невена Ѓероска.

Ви препорачуваме да прочитате: Брзи проја мафини.

Сподели: