4 третмани со јаболка за убава и здрава кожа

За да ги зачуваме здравјето и убавината неопходно е да се храниме здраво, а секојдневната исхрана да изобилува со овошје и зеленчук. Доколку сакаме да го одржиме нашето телесно здравје, да бидеме витки и да зрачиме со чиста, сјајна и здрава кожа, експертите препорачуваат секој ден да го започнеме со јаболко. Но, може да се искористат и на друг начин. Направете природни третмани со јаболко и имајте совршена, убава кожа. 

Најдобро е јаболката да се јадат на празен стомак, бидејќи тие изобилуваат со растителни влакна кои го регулираат варењето и го олеснуваат празнењето на цревата. Во продолжение ви претставуваме само мал дел од неговата магична моќ за разубавување на кожата.

третмани со јаболко

Третман со сок од јаболко за хидратација на сувата кожа

Сокот од јаболко го балансира производството на маснотии во телото. Од него може да си направите одлична хидратантна маска за лице, која исто така може да се користи и како ексфолијант. За таа цел, исечете едно парче јаболко и исцедете го сокот. Сокот од јаболкото нанесете го на лицето. Почекајте се додека се исуши, а потоа исплакнете го лицето со млака вода.

Маска од јаболка против стареење на кожата

Редовното консумирање на јаболка ги измазнува ситните брчки. Покрај тоа што можете да ги консумирате, за оваа намена можете да си приготвите и маска од изрендано јаболко. Јаболкото излупете го и изрендајте го. Маската нанесете ја на чисто лице и оставете ја да делува за време од 10 до 20 минути. Потоа, исплакнете го лицето со млака вода.

Третман против изгореници предизвикани од сонцето

Со ова чудотворно овошје може да третирате дури и изгореници од сонце и да спречите лупење на веќе изгорената кожа. За таа цел, измешајте една лажичка глицерин со едно рендано јаболко. Оваа смеса нанесете ја на лицето и оставете ја да делува околу 15 минути, а потоа измијте ја со ладна вода.

Маска од јаболка против акни и флеки на кожата

За оваа намена испасирајте ¼ јаболко со малку јогурт. Маската нанесете ја на чисто лице и се оставете да делува 15 минути. Потоа, лицето измијте го со млака вода.

Ако имате акни може да исечете мало парче јаболко и да го поставите на болното место. Кога го користите јаболкото за оваа намена, истото чувајте го во фрижидер.

Совет плус: За да ги искористите сите придобивки од јаболката, секогаш избирајте органски или купувајте еколошки одгледани од локални производители.

Ви препорачуваме да прочитате: Јаболко – хранлива ризница неопходна за добро здравје.

Сподели: