рецепт за грчка салата

Традиционален рецепт за популарната грчка салата

Една од попознатите свежи салати кои изобилуваат со зеленчук е популарната грчка салата. Често се наоѓа на менито на рестораните, а воопшто не е тешко да се направи. Со оглед на тоа што рецептот е карактеристичен за нашиот јужен сосед, сите намирници ни се лесно достапни.

Се приготвува со домати, краставици, кромид, фета сирење и маслинки (вообичаено се користат каламата), а се зачинува со сол, оригано и маслиново масло. Традиционално се служи за појадок или вечера.

грчка салата

Состојки:

  • 4 домати
  • 1 краставица
  • ½ главица црвен кромид
  • 1 зелена пиперка
  • 16 каламата маслинки
  • 1 мала лажичка сушено оригано
  • 85 грама фета сирење
  • 4 лажици екстра девствено маслиново масло
  • сол по вкус.

Подготовка:

  1. Доматите исечете ги на коцки.
  2. Краставицата излупете ја, а потоа исечете ја на коцки.
  3. Кромидот и пиперката исечете ги на тенки ленти.
  4. Во длабок сад ставете ги сечканите домати, краставицата, пиперките, кромидот и маслинките. Измешајте ги и додајте го маслиновото масло. Повторно измешајте и зачинете со сол по вкус.
  5. Во 4 чинии ставете од приготвената салата.
  6. Фета сирењето исечете го на парчиња. Парчињата фета сирење наредете ги врз салатата во секоја од чиниите. На крај салатата поросете ја со сушено оригано. Готовата грчка салата послужете ја веднаш. На здравје!

Ви предлагаме да прочитате: Рецепт за шопска салата.

Сподели: