Храна за мозокот и одлично помнење

Храната може да дејствува како лек, но може и да биде најголем непријател на здравјето. Изборот што го правите кога ќе седнете покрај масата влијае врз начинот на кој што размислувате, на вашето расположение, на концентрацијата и на енергијата. Доколку имате слабо помнење, избрете ја следната храна за мозокот.

Мозокот ја има контролата дури и над најмалите движења на телото. Одредени видови на храна се познати по тоа што го подобруваат помнењето и функцијата на мозокот. Експертите издвоија пет видови на храна за мозокот кои ја подобруваат мозочната функција, го подобруваат поменењето и кои треба да се конзумираат редовно.

Масна риба

Многу луѓе денес имаат потешкотии околу тоа што треба да направат во текот на денот, некои користат листи со активности, а некои се трудат да ги запомнат обврските. За да го подобрите вашето помнење јадете масна риба. Експертите тврдат дека омега 3 масните киселини, кои се наоѓаат во рибите, како сардини, лосос и скуша се одлични за целокупното здравје на организмот, а посебно мозокот. Пожелно е рибата да се конзумира два пати неделно за да се превенира губење на помнењето.

Зелен лиснат зеленчук

Голем број на луѓе не го обожаваат зеленчукот, но тој многу позитивно делува на мозокот. Спанаќот и брокулата се богати со антиоксиданти како што се витамините Ц и бета-каротенот кои се навистина здрави за организмот. Повеќе зеленчуци содржат и фолати, кои овозможуваат брзо и добро памтење.

храна за мозокот

Јајца

Јајцата се богати со витамини и минерали, а посебно се корисни за мозокот. Богати се со железо, јод и витамин Б12, кои треба да бидат дел од редовната исхрана. Јодот е познат по тоа што ја подобрува способноста за решавање на проблемите.

Зелен чај

Мозокот се состои од 80% вода, а тоа значи дека мора да биде соодветно хидриран, за да може да функционира правилно. Многу е важно дневно да се испијат околу 8 чаши вода, а може да се додаде и шолја зелен чај. Зелениот чај ја зголемува менталната будност и го подобрува помнењето.

Темно чоколадо

Чоколадото е богато со флавоноиди, кои помагаат во формирање на нови неврони во мозокот, а исто така го подобрува и протокот на крв до мозокот. Две до три коцки на темно чоколадо на ден, после оброкот се доволни за да се искористат хранливите состојки кои се значајни за целиот организам.

Сподели: