Чоколаден колач со урми 1

Чоколаден колач со урми

Кате и овој пат ни предлага многу лесен за подготовка и вкусен за јадење десерт! Нејзиниот чоколаден колач со урми е меѓу нашите омилени, а бидејќи често го уживаме неговиот вкус, од срце ви го предлагаме и на вас!

Чоколаден колач со урми 2

Состојки:

  • 125 гр омекнат путер
  • 100  гр шеќер
  • 30 гр мед
  • 2 јајца
  • 250 гр брашно
  • 2 лажички прашок за печиво
  • 50 гр сечкани ореви
  • 30 гр мелени бадеми
  • 50 гр сечкано бело млечно чоколадо
  • 100 гр сечкани урми
  • 10 лажици млеко.

За глазура:

  • 120 гр црно чоколадо
  • 1 лажица масло.

Подготовка:

  1. Во сад за матење ставете ги путерот и шеќерот.
  2. Убаво изматете, а потоа додајте ги јајцата.
  3. Продолжете со матење и постепено додавајте го медот.
  4. Откако ќе завршите со матење, исклучете го миксерот, па постепено додавајте го брашното     измешано со печивото и мешајте со (дрвена) лажица.
  5. На крај додајте ги сечканите ореви, чоколадо и урми.
  6. Додајте го млекото и бадемите и убаво измешајте ја смесата.
  7. Во тркалезен калап со обрач ставете хартија за печење и во него претурете ја смесата.
  8. Печете на 180 степени 40-45 минути.
  9. Испечениот колач оставете го малку да се олади, а потоа прелејте го со растопеното чоколадо.
  10. Оставете во фрижидер за глазурата да се стегне и послужете.

Рецептот го испратил: Катерина Милошеска Глигоровска.

Сподели: