10 важни здравствени придобивки од хељда – семе без глутен 1

10 важни здравствени придобивки од хељда – семе без глутен

Хељдата е растение за кое многумина мислат дека припаѓа во групата на житарки, но всушност хељда е семе од овошје, што ја прави совршена замена за житарките. Карактеристично за ова растение е тоа што не содржи глутен и е одлична и вкусна замена за житарки кај лица со алергија на глутен.

10 важни здравствени придобивки од хељда – семе без глутен 2

Цветовите на хељдата се многу привлечни за пчелите и тие ги користат овие цветови за да направат мед со карактеристична темна боја и мирис. Во продолжение прочитајте 10 начини на кои хељдата може да го подобри и сочува нашето здравје:

  1. Таа е најдобар извор на високо-квалитетни и лесно сварливи протеини, што ја прави одлична замена за месото.
  2. Замена за штетните масти – скробот од хељдата исто така може да се користи и како замена за додадените масти во процесираните прехрамбени производи.
  3. Во листовите се наоѓа голема количина на супстанцата рутин која од тука се екстрахира и се користи како лек за намалување на високиот крвен притисок.
  4. Не предизвикува алергии. Лушпите од хељдата се користат како полнеж за перници за лица кои страдаат од алергии на пердуви, полен или прашина.
  5. Може да помогне при дијабетес. Нови истражувања покажуваат дека хељдата може да биде корисна при справување со дијабетесот. Таа има гликемиски индекс 54, и е добра за намалување на крвниот шеќер, а исто така дава и чувство на ситост.
  6. Одлична е за добро варење. Таа ги чисти и ги зајакнува цревата и го подобрува апетитот, исто така е ефективна и за третман на дезинтерија и хронична дијареа.
  7. Не се третира со многу хемикалии. Хељдата расти толку брзо што нема потреба да се третира со многу пестициди и други хемикалии за да расти побрзо.
  8. Хељдата помага во отстранување на вишокот на вода од организмот, и во отстранување на вишокот течности кои се насобираат на разни делови од телото во вид на отоци.
  9. Хељдата е класифицирана како јанг храна според макробиотичарите, па така таа е одлична за јадење и во ладните зимски месеци.
  10. Хељдата не содржи глутен и не е житарка. Поради ова таа е одлична замена за житарките кај лица кои страдаат од цилијакија (алергија на глутен), или лица кои се на диети кои не вклучуваат житарки, и лица кои се на безглутенска исхрана.

Автор: Маја Велковска.

За здравствените придобивки од хељдата и нејзината хранлива вредност може да прочитате тука.

Сподели: