10 здравствени придобивки од употребата на просо 1

10 здравствени придобивки од употребата на просо

Извонредното просо е безглутенска житарка која нé обезбедува со многу нутриенти, а притоа има и сладок и пријатен вкус. Уште една важна и одлична карактеристика на просото е тоа што за разлика од другите житарки кои го закиселуваат организмот, тоа има спротивен ефект и го алкализира нашиот организам.

10 здравствени придобивки од употребата на просо 2

Поради својот состав просото има  одличен ефект  на нашето здравје, па затоа во продолжение ви нудиме информации за здравствените придобивки од употребата на просото:

  1. Просото го алкализира нашето тело и е многу лесно сварлива храна.
  2. Му помага на нашето дебело црево да се хидрира и со тоа се спречува појава на опстипација (запек).
  3. Некои материи од просото може да се најдат и во улога на храна потребна за функција на „добрите “ бактерии кои се наоѓаат во нашите црева и чие присуство е многу важно за добро здравје.
  4. Просото има понизок гликемичен индекс за разлика од пченицата и оризот, па е многу добро за исхрана на дијабетичари или лица кои имаат потреба да го контролираат шеќерот во крвта.
  5. Магнезиумот од просото може да ги ублажи мигренозните болки и срцевите удари.
  6. Научници од Јужна Кореја во своите истражувања откриле дека просото го намалува нивото на Ц-реактивен протеин во организмот и нивото на триглицериди, па затоа се смета дека може да помогне во превенција од кардиоваскуларни болести.
  7. Сите видови на просо се богати со моќни антиоксиданси кои нé штитат од оштетувања предизвикани од штетни супстанци.
  8. Просото не содржи глутен и е хипоалергена намирница што го прави одличен избор за чувствителни лица.
  9. Просото содржи доволно количество на протеини, па затоа може да биде важен извор на протеини во вегетаријанската исхрана.
  10. Витаминот Б3 од просото може да го намали нивото на холестерол во организмот.

Автор: Маја Велковска.

Сподели: