совети за подготовка ма месо

10 корисни совети за подготовка на месо

Убавото време во пролетните денови ќе ве инспирира да направите скара или да испечете месо во рерна. Затоа, ви откриваме проверени трикови и совети за подготовка на месо!

Месото може да биде највкусно, ако добро знаеме да го припремиме! – Па, за да ги избегнете типичните грешки во процесот на готвење, ви издвојуваме неколку трикови од вештите готвачи кои од вас можат да направат вистински експерт во кујната.

совети за подготовка ма месо

Еве за кои совети станува збор:

  1. Месото за скара не смее да биде директно извадено од фрижидер. Најдобро е да биде на собна температура неколку часа. Пред печењето, месото мора да биде суво, а добро е и малку да се премачка со масло. Месото се посолува и се зачинува откако е печено, затоа што солта ja повлекува водата, што може да влијае на сочноста. Ако претходно го посолите, при печењето целиот сок ќе се исцеди и месото ќе биде суво, а запечените зачини ќе му дадат непријатен мирис.
  2. Меленото месо ќе биде помеко ако се меша со крем сирење, наместо со презла или леб.
  3. Пилешкото месо ќе има крцкава кора ако се прелива со сок од лимон разреден во малку вода за време на печењето.
  4. Ако сокот за печење е малку загорен и има горчлив вкус, извадете го месото од тавата и сокот истурете го во друг сад. Во тавата ставете коцка за супа и неколку лажици вино. Вратете го место во тавата и продолжете со печење.
  5. Во тавата за печење може да додадете малку павлака и ќе добиете вкусен прелив за прилог.
  6. Кога сакате да печете месо или зеленчук во алуминиумска фолија, употребете ја сјајната страна на истата, а потоа внимателно подигнете ги и свиткајте ги краевите за да не излегува сок при печењето. Добро е да се знае дека печењето во алуминиумска фолија трае малку подолго, отколку печењето во обична тава, но сочноста на месото е голема и вреди.
  7. Ако месото го чувате во фрижидер, потрудете се да биде соодветно спакувано, за да не прима мириси. Исто така, употребете го најкасно за 1 до 2 дена.
  8. Кога печете месо што подолго стоело во замрзнувач, при печењето ставете и неколку парчиња сечкан корен од целер. Така месото ќе биде посочно и многу повкусно.
  9. Секое месо што сакате да го пржите, ќе биде многу повкусно и помеко ако претходно кратко време го ставите во млеко. За тоа време месото треба да биде во фрижидер.
  10. Црниот дроб ќе биде помек и повкусен ако го премачкате со неколку капки вински оцет пред пржењето. Не треба да се посолува пред пржење, бидејќи месото ќе биде жилаво.

Совет плус:

При набавката купувајте свежо месо од проверени производители, а наша препорака се Агриа. Месото е со врвен македонски квалитет, кој се должи на принципот од „нива до трпеза“. Свежото месо може да го најдете во месарниците на Агриа ширум земјава, а исто и во маркетите на Тинекс и Рамстор. За сите новости и акции посетете ја новата веб страница на Агриа и следете ги на нивната фан страница на Facebook.

Ви препорачуваме да прочитате: 12 совети за подготовка на ќофтиња од мелено месо.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

*Спонзориран текст.

Сподели: