Ако имате повеќе варени јајца, а не знаете како да ги искористите, еве супер идеи. Ви предлагаме неколку вкусни и лесни рецепти за велигденски салати со варени јајца. Пробајте ги и пишете ни во групата на Сѐ за храна која е вашиот фаворит.
Може да ве интересира: Редена кус кус салата со варени јајца.
Велигденска свежа салата
Нова комбинација на состојки, вкусна и декоративна како во ресторан. Плус, кога разнобојните зеленчуци ќе ги зачиниме со квалитетни производи, тогаш резултатот е неизбежно добар! Еве кои се состојки ви се потребни за подготовка на 4 порции.
За салата:
- 4 варени јајца
- 2 средно големи домати
- 16-20 ливчиња спанаќ по желба
- 4 листови свежа марула
- 1 чаша ситно сечкана или рендана црвена зелка
- 1 зрело авокадо
- 12-16 млади гранчиња рукола.
Зачини за прелив:
- масло по вкус
- црн, бел, црвен бибер и крупна морска сол по вкус
- свежо цеден сок од 1 лимон.
Подготовката на велигденската свежа салата прочитајте ја тука.
Велигденска кремаста салата со јајца
Симбол на велигденските празници се варените јајца, па секоја идеја за искористување на истите ни е добредојдена. Споделуваме една супер идеја за подготовка на велигденска крем салата со јајца и авокадо. Вкусна, кремаста и здрава, ќе им се допадне на сите во фамилијата.
Состојки:
- 1 авокадо со средна големина
- 3 тврдо варени јајца
- 2 лажици посен мајонез
- 1 лажичка сок од лимон
- морска сол и свежо мелен црн пипер по вкус.
- 1 лажичка сечкан свеж магдонос.
Подготовката на велигденската кремаста салата со јајца прочитајте ја тука.
Салата со варени јајца и спанаќ
Интересна комбинација за салата со варени јајца и спанаќ! Супер можност да ја пробате во текот на Велигденските празници или пак кога ви останале варени јајца, а не знаете како да ги искористите.
Состојки:
- 4 чаши свежи листови од спанаќ
- 4 варени јајца
- 4 ленти сланина
- 1 мала главица кромид по желба
За сос:
- 3 лажици маслиново масло
- 2 лажици винска киселина
- 1 лажица сенф
- ½ мала лажичка сол
- мелен црн пипер по вкус.
Подготовката на салатата со варени јајца и спанаќ прочитајте ја тука.
Ви препорачуваме да прочитате: 3 рецепти за главно јадење со варени јајца.