Рицинусовото масло почна да добива се поголема популарност, благодарение на неговите квалитети за нега на косата. Овој вид на масло има антивирусно, антибактериско и антифунгално својство, што го квалификува како добар третман за проблеми со скалпот. Главната состојка на рицинусово масло е рицинолеинска киселина која ја забрзува циркулацијата на крвта во областа на скалпот, а со тоа доведува до побрз раст на косата. Во продолжение ви откриваме 3 домашни маски со рицинусово масло кои ќе ви помогнат да ја обновите и хидрирате вашата коса.
Секојдневната масажа на скалпот на главата со мало количество рицинусово масло го зајакнува влакното и поттикнува побрз раст на косата. Освен за стимулирање на растот и за заштита на косата, рицинусовото маслото често се користи и за поттикнување на растот на веѓите и трепките. Продолжете со читање и дознајте како на лесен начин да направите маски со рицинусово масло во домашни услови.

Маска од рицинусово масло и мед
Рицинусовото масло и медот за коса се супер хранлива комбинација. А за полесна нанесување на оваа маска се додава и јајце. Медот делува како антиоксиданс, но неговата најголема предност е тоа што длабински ја хидрира косата.
Состојки:
- 2 лажици рицинусово масло
- 1 лажица мед
- 1 јајце.
Подготовка:
- Во сад, измешајте ги состојките за да добиете хомогена смеса.
- Маската нанесете ја на косата и оставете ја да делува најмалку половина час. Потоа, темелно исплакнете со топла вода и шампон.
Маска од рицинусово масло и сода бикарбона
Мешавината од овие две состојки е одличен пилинг на косата. Не мора да ја правите често, но може да биде корисно од време на време, бидејќи оваа смеса делува на фоликулите и стимулира побрз раст на косата.
Состојки:
- 3 лажици рицинусово масло
- 2 лажици сода бикарбона.
Подготовка:
- Во сад измешајте ги состојките за да добиете паста.
- Пастата нанесета ја на главата и нежно масирајте. Оставете ја кратко да делува, а потоа исплакнете со топла вода.
Маска од рицинусово и косово масло
Комбинацијата на овие две состојки е одлична и го спречува опаѓањето на косата.
Состојки:
- 2 лажици рицинусово масло
- 2 лажици кокосово масло.
Подготовка:
- Состојките измешајте ги во сад и ставете ги да се загреат. Се загреваат само додека се растворат.Тргнете го садот од оган и оставете да се излади.
- Маската нанесете ја на косата и завиткајте ја со крпа. Оставете да делува околу 3 часа. Потоа, исплакнете со вода и шампон.
Ви препорачуваме да прочитате: Едноставна природна маска за сува и оштетена коса.