3 посни солени идеи за појадок

3 посни идеи за појадок со интегрален леб – предлози од Марија Кочовска

Ти требаат посни идеи за појадок? Слатко или солено? – Месецов се инспирирав да споделам различни брзи идеи за појадок во посна верзија од кои верувам дека ќе го пронајдеш твојот фаворит. Основа за појадоците ми се новите интегрални лебови со 100% цело зрно од Жито Лукс. Овој пат ги искористив за посни солени предлози. 

Богати со хранливи состојки, растителни влакна, витамини и минерали се одличен избор за целото семејство. Едноставно се приготвуваат, а се превкусни и здрави. Погледни го видео рецептот, разгледај кои зеленчуци ги имаш и направи го идеалниот појадок. 

3 солени идеи за појадок со автор

Појадок богат со здрави масти – интегрален леб со хумус, авокадо и домат

Штом се пости, хумусот е чест на трпезите. А кога се комбинира и вкусот се збогатува, тоа е топ избор за појадок. Парчето леб испечи го. Премачкај го со 1 – 2 лажици хумус. Додај сечкано авокадо и сечкан домат. По вкус посоли го со хималајска сол. На здравје!

Освежителен појадок – леб (100% цело зрно) со краставица, ротквица, хумус

Уште една слична комбинација, но овој пат со краставица. Парчето печен леб премачкај го со хумус, стави парчиња краставица и ротквица. Зачини со црвена пипер и сол по вкус. Подготовката на појадоците погледни ја на видеото:

Медитерански здрав појадок – печен леб со хумус, краставица, маслинки и домат

Медитранските вкусови сервирани во чинија! Парчињата печен леб премачкај ги со хумус. Краставицата и доматот исечкај ги на мали коцки. Извади ги семките од маслинките, а потоа маслинките исечкај ги. Врз парчето леб додај домат и краставица. На крај додај сечкани маслинки. На здравје!

Совети плус:

Новите лебови од Жито Лукс достапни се со два вкусови: 

  • 100% цело зрно – интегрален пченичен леб со никулци и семиња
  • 100% цело зрно – интегрален пченичен леб со никулци и ржано брашно. 

За подготовка на појадоците го избрав интегралниот леб со семиња. Двата лебови даваат енергија, чувство на ситост, го подобруваат варењето на храната и богати се со здрави масти од семињата. 

солени идеи за појадок со леб

Која комбинација најмногу ти се допадна? – Направи ја, објави ја на стори и означи ме:

Може да те интересира: Дали може да се јаде леб при диета?

*Рецептите се овозможени од Жито Лукс.

Сподели: