домашен мазник

3 рецепти за домашен мазник од кујната на Марија Кочовска

Василичарскиот мазник ќе биде во центарот на трпезата на многу семејствата низ Македонија. Во пресрет на празникот кој ни доаѓа – Василица и традицијата за мазник/пита со паричка, ви споделуваме 3 рецепти за домашен мазник од Марија Кочовска, фудблогер и уредник од нашиот тим.

3 рецепти за домашен мазник

Рецепт за посен мазник со спанаќ

Вкусен, вегетаријански предлог за посен мазник со спанаќ кој сигурно ќе ви се допадне и вам.

Состојки:

  • 700 грама брашно
  • 1/8 од мала коцка квасец
  • ½ мала лажичка шеќер
  • 100 мл млака вода
  • 50 мл масло
  • 1 мала лажичка сол
  • 200 мл газирана минерална вода
  • 500 грама свеж спанаќ.

Подготовката на посниот мазник со спанаќ прочитајте ја тука.

Пица мазник

Сигурни сме дека ќе биде вашиот омилен мазник и топло ви препорачуваме да го пробате. Топол или ладен, има одличен вкус!

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • 50 мл масло
  • ½ лажичка сол
  • малку шеќер
  • млака вода по потреба.

Фил:

  • 150 гр кашкавал или сирење по желба
  • 150 гр маринирани шампињони
  • 150 гр шункова салама по желба
  • кечап по потреба
  • оригано.

Подготовката на овој пица мазник прочитајте ја тука.

Посен мазник со кисела зелка

Редовно е на нашата листа на омилени рецепти кои традиционално ги приготвуваме за посните слави и имендени. Не двоумете се и пробајте го уште денес.

Состојки:

  • 700 гр брашно
  • 50 мл масло
  • 1 мала лажичка сол
  • млака вода по потреба
  • 1 главица кисела зелка (расол).

Подготовката на мазникот прочитајте ја тука.

Препорака од авторот:

Ти се допаднаа рецептите? Ако си во потрага и по други испробани рецепти и идеи, посети ги моите профили на социјалните мрежи и пронајди ја твојата инспирација. Разгледај и заследиме на:

Автор на рецепт и фотографии: Марија Кочовска@kocovska.marija.

Ви предлагаме да прочитате: Мазник – традиционална тегната пита.

Следете ја sezahrana.mk и на Instagram и Pinterest.

Сподели: