Штом еднаш ќе пробаш ладно цедено масло од сончоглед и ја почувствуваш неговата арома и вкус, редовно ќе биде твој прв избор! Ладно цеденото масло од сончоглед има бројни придобивки, а најважно од сѐ е што може да се користи на различни начини, па и за подготовка на зимница. Споделуваме 3 преубави рецепти за зимница со ладно цедено масло кои треба да ги направиш оваа есен!
Времето на ајварите, кечапите, сушените домати и различните салати започна. Ајде да ги направиме најубавите рецепти и да ја продолжиме традицијата!

Сушени домати во тегла со ладно цедено сончогледово масло, лук и магдонос
Сушените домати совршено се комбинираат со тестенини, месо, риба и салати. Споделуваме рецепт за сушени домати во рерна, со лук и ладно цедено сончогледово масло.
Состојки:
- 3,5 кг средни домати
- 1 главица лук
- Неколку гранчиња свеж магдонос
- 1 лажичка сол (за 1 тегла)
- 1 ½ чаша ладно цедено сончогледово масло од Фила.
Подготовка:
- Доматите измијте ги и исушете ги. Во тава ставете хартија за печење. Доматите исечете ги на четвртини и ставете ги во тавата.
- Ставете ги во загреана рерна на 50 степени и сушете ги за време од 6 часа (зависно од големината на доматите и рерната). Доматите оставете ги да се изладат.
- Во чисти тегли ставете ги два реда домати и додајте 1-2 чешниња лук и гранче свеж магдонос. Повторно ставете 2 до 3 реда домати и додајте лук и магдонос. Постапката повторете ја додека ја наполните теглата. На крај додајте по 1 мала лажичка сол и дополнете со ладно цедено сончогледово масло. Заторете ги теглите и чувајте ги во темно, ладно и суво место.
Нутритивната анализа за 1 тегла е следната:

Македонски ајвар со ладно цедено сончогледово масло
Овој ајвар е баш традицинален, како што го правеле нашите баби во минатото. Првото достапно масло било ладно цедено, затоа што тогаш не постоело рафинирано масло. Подготовката е речиси си иста, но се користи помалку масло, затоа што ладно цеденото масло е погусто и има поизразена арома. Направен само од пиперки, масло и сол, без други додатоци!
Состојки:
- 15 кг црвени пиперки за ајвар
- 750 мл ладно цедено сончогледово масло од Фила
- сол по вкус.

Подготовката на ајварот, прочитај ја тука.
Салата од цвекло во тегли
А што има поздраво од вкусното цвекло кое изобилува со хранливи состојки и е познат сојузник на крвта? Плус тоа, направено со ладно цедено масло е одличен избор за целото семејство.
Состојки:
- 3,5 кг цвекло
- 500 мл бел оцет
- 800 мл вода
- 250 грама шеќер
- 50-100 грама сол (по вкус)
- 100 мл ладно цедено сончогледово масло од Фила.

Подготовката на салатата со цвекло, прочитај ја тука.
Совет плус:
Ладно цеденото сончогледово масло се произведува по пат на ладно пресување на семето во специјални преси на температура не повисока од 40°C. Кај нас ладно цедено сончогледово масло произведува Фила и тоа во пакувања од 500 мл, 750 мл, 1000 мл. Истите може да се најдат во поголемите маркети и продавниците за здрава храна, а можете да ги порачате и онлајн на нивната веб продавница.
*Рецептите се овозможени од Фила.