рецепти со праски мармалад

3 рецепти со праски: мармалад, компот и сок

Сега е идеално време за да ги направиме највкусните рецепти со праски без конзерванси. Праските се симбол на летото, а најдобри за консумација се од месец Јуни до крајот на Август.

Праските се нискокалорични и се погодни за честа консумација. Една голема праска има помалку од 70 калории и содржи 3 грама растителни влакна. Растителните влакна ги помагаат и регулираат движењата на дебелото црево, и го регулираат нивото на холестерол. Истражувањата утврдиле дека праските содржат биоактивни состојки кои помагаат за намалување на телесната тежина, имаат антивоспалително дејство, го намалуваат ризикот од дијабетес и оксидацијата на лошиот холестерол, со што штитат од кардиоваскуларни болести.

рецепти со праски

Мармалад од праски

Еден од омилените мармалади на многумина е ароматичниот мармалад од праски. Одличен е за појадок на парче леб, а може да го користите како додаток на торти, колачи, палачинки или други десерти. Рецептот за сок од праски прочитајте го тука.

Домашен компот од праски

Сега е време да го направиме омилениот компот од праски на многумина од нас! Искористете ја сезоната на праски и лесно направете домашен, природен компот од праски без конзерванси, со кој ќе се освежувате вие и вашето семејство преку целата година, а може да го користите и за подготовка на вкусни десерти. Рецептот за компот од праски со години го приготвуваме во нашата кујна, па не двоумете се да го пробате.

Домашен густи сок од праски

Ако сакате да направите нешто здраво, погодно за деца и брзо за припрема ви го препорачуваме нашиот испробан рецепт за домашен густи сок од праски. Лесно се припрема, а има многу подобар вкус во споредба со купечките и што е важно, ќе заштедите пари. Рецептот за домашниот густи сок од праски прочитајте го тука.

Ви предлагаме да прочитате: Сочен колач со праски прелиен со сируп од портокал.

Сподели: