Ајвар - рецепти за ајвар

3 традиционални рецепти за ајвар

Може да се каже дека превкусниот ајвар е омиленото традиционално јадење и белег на есента кој најголем број луѓе го обожаваат, а посебно кога е топол и пресно подготвен. Колку само добро мириса! За сите кои оваа есен ќе прават вкусен намаз од пиперки, им подготвивме листа со 3 традиционални рецепти за ајвар кои се испробани во нашата кујна.

Ајвар на македонски традиционален начин

Ајварот е познат како идеален придружник на ладните зими и храна која нема соодветна замена, а во комбинација со сирење се создава незаменливо и уникатно задоволство кое предизвикува вкусни сензации во устата! Карактеристично е тоа што се прави од црвени ајварски пиперки кои се печат, лупат, цедат, а потоа мелат и пржат. Приготвениот ајвар се собира во тегли и се чува преку цела зима. Рецептот за ајварот приготвен на македонски традиционален начин, прочитајте го тука.

Ајвар на македонски традиционален начин - рецепти за ајвар

Ајвар со модри патлиџани и моркови

Традиционално ајварот се приготвува со пиперки, а многумина прават варијации и додаваат модри патлиџан и моркови. Токму ваков рецепт за ајвар со модри патлиџани и моркови ни испрати Даниела. Подеднакво е вкусен како и традиционалниот ајвар, па може оваа година да го пробате. Доколку сакате да го направите, рецептот прочитајте го тука.

Зелен ајвар по испробан рецепт

Не само од црвени, туку ајвар на нашите простори се прави и од зелени пиперки. Често го правиме и па пробајте го нашиот зелен ајвар кој изобилува со уникатен и богат вкус! Рецептот сме го испробале многу пати и секогаш сме задоволни од неговите вкусните сензации, па топло го препорачуваме за секој дом. Рецептот за зелениот ајвар прочитајте го тука.

Како вие правите ајвар? Имате ли некои други рецепти за ајвар кои се прават традиционално?

Ви предлагаме да прочитате: 9 совети за совршена зимница.

Сподели: