astaksantin 1

4 намирници за силен имунитет

Храната може да биде и отров и лек. Од неа во голема мера зависи целокупното наше здравје. Со нејзина помош може во значителна мера да го подобриме нашиот имунитет и да се одбраниме од разни патогени бактерии, вируси, габи и токсични агенси. Во продолжение дознајте со кои намирници може да да си обезбедите силен имунитет и оваа зима да уживате без здодевните грипови и настинки.

Ви препорачуваме да прочитате и: Земајте доволно витамин Ц за силен имунитет и одлично здравје.

хранлива вредност на лукот

Лук за посилен имун систем

Не е ни чудо зошто уште од далечното минато, на лукот му се припишувале голем број лековити карактеристики. Тој одамна се користи  како храна, но и како лек. И, иако е многу популарен,  на многу луѓе не им е омилен.  Денес се знае дека лукот има антивирусно дејство, а помага и против бактерии, паразити и благотворно влијае на целиот организам. Поради неговиот интензивен мирис и вкус, може да го консумирате во комбинација со јогурт или магдонос. На тој начин ќе се неутрализира неговата арома и изразениот мирис подоцна.

Ѓумбир за силен имунитет

Во последно време ѓумбирот е мошне популарен, а тоа е така затоа што тој е многу делотворен во зајакнувањето на имуниот систем. Докажано делува против воспалителните процеси, па е одлично решение против грип и настинка. Ѓумбирот е исто така моќен антиоксидант, а антиоксидантите се едни од главните супстанции кои го зајакнуваат имуниот систем. Една од нивните задачи е да му помогнат на организмот да ги елиминира слободните радикали. Со оглед на тоа што е тешко да се изеде поголема количина на ѓумбир или било која храна за да се задоволат зголемените потреби на организмот, во одредени ситуации е добро да земеме суплементи. Антиоксидансите како што е природниот хавајски астаксантин или BioAstin-от, кој важи за еден од најсилните природни антиоксиданси, е без ГМО и не содржи: вештачки бои, глутен, лактоза, квасец, пченка, пченица, пестициди и хербициди, BSE се добар избор за нас.

astaksantin 2

Зошто го препорачуваме астаксантинот?

Истражувањата кои се објавени во The Journal of Nutrition and Metabolism покажуваат дека овој моќен антиоксиданс може да го намали оксидативниот стрес, воспалението и да го зајакне имуниот систем. Кога станува збор за елиминацијата на слободните радикали, астаксантинот може да биде до:

  • 550 пати посилен од витаминот Е
  • 800 пати помоќен во споредба од CoQ10
  • 6000 пати помоќен од витаминот Ц
  • а утврдено е дека 500 пати е помоќен во споредба до катехините кои ги содржи зелениот чај.

На нашиот пазар, достапен е во форма на капсули, познати под името BioAstin, кои содржат природен хавајски астаксантин (од Haematoccocus pluvialis микроалга). Ако сакада да го набавите посетете ги поголемите аптеки низ Македонија. Исто така, може да се порача и преку онлајн продавницата на Тримекс, каде може да најдете и подетални информации за него или јавете се на телефонскиот број +389 (2) 32 46 000.

А, ако имате прашања во врска со користењето на BioAstin-от, слободно пишувајте ни на info@sezahrana.mk ние ќе ја консултираме Д-р Нела и ќе ви одговориме.

astaksantin 3

Ви препорачуваме да прочитате и: Д-р Нела советува: Природниот астаксантин е 6000 пати помоќен од витаминот Ц.

Цинк за зајакнување на организмот

Цинкот е многу значаен минерал кој помага за зајакнување на имунитетот. Може да се каже дека често го запоставуваме, а треба да се внесува во поголеми количини, особено во зима. Тоа е така, бидејќи цинкот е неопходен за правилно функционирање на телото како целина. Го поттикнува создавањето на белите крвни зрнца и коскената срж, кои се неопходни во борбата на организмот против разни патогени бактерии. Покрај тоа, спречува воспаленија и создава бариера на слузокожата на носот и грлото со што го спречува навлегувањето на грипови во телото. Добар извор на цинк е храната од животинско потекло како јајца, пилешко, телешко, мисиркино месо, но и морските плодови, школки, ракови, туна и сл. Од растителните извори на цинк ги издвојуваме бадемите, гравот, пченицата, интегралните житарки и семките од тиква. А, еве како да препознаете дали имате недостаток на цинк.

Овес за отпорно тело

Овесот најчесто го јадеме за појадок. Брзо се припрема, а обезбедува доволна количина на енергија која му е потребна на организмот за почеток на работниот ден. Оваа житарка изобилува со хранливи материи. Ризница е на магнезиум, јод, цинк, калиум, фосфор и многу други минерали. Благотворно влијае на организмот кога сме под стрес и ги намалува симптомите на депресија. Исто така, има антиоксидантно дејство кое совршено го чисти организмот од штетни материи и на тој начин го зајакнува имунитетот. Ги подобрува когнитивните способности, позитивно влијае на концентрацијата, меморијата и ја подобрува способноста за учење.

Ви препорачуваме да прочитате: Како да се постигне силен имунитет на природен начин?

*Комерцијален текст.

Сподели: