4 природни начини да ги ублажите вртоглавиците 1

4 природни начини да ги ублажите вртоглавиците

Речиси и да не постои човек кој барем еднаш во животот не се соочил со вртоглавица и мачнина. Тоа чувство може да биде многу непријатно и да ве примора да легнете или да седнете. За среќа, некогаш може и на природен начин да ги ублажите вртоглавиците со помош на едноставни намирници кои можеби веќе ги имате дома.

Спoред некои истражувања се докажало дека вртоглавицата барем еднаш во животот ќе ја почувствуваат речиси 40% од постарата популација, а двапати почесто ги погодува жените од мажите. Вртоглавицата не е болест, туку симптом кој упатува на пореметување на центарот за рамнотежа, но и на некои други состојби и нарушувања. Може да трае неколку минути, неколку часа, но и неколку денови. Најчесто се јавува како резултат на нагло станување од лежечка позиција, нагли движења на главата, анемија, дехидратација или пак низок притисок. Иако често пати не ја сфаќаме сериозно, во одредени случаи треба да се внимава и да се направи консултација со стручни лица. Во некои случаи може да биде индикатор за некои посериозни заболувања, па доколку вртоглавицата е проследена со силни главоболки, мачнини или проблеми со говорот, задолжително консултирајте се со вашиот матичен лекар. Но, доколку симптомите не се многу изразени или доколку сте склони и сакате да ја превенирате можноста од појава, наредниот пат кога ќе почувствувате вртоглавица и мачнина, посегнете по овие природни лекови кои моментално ќе ви ги ублажат симптомите.

Земајте Гинкго Билоба како додаток во исхраната

Познато е дека гинкго билоба ја поттикнува циркулацијата, а со самото тоа може да помогне и против вртоглавица. Оваа чудотворна билка ја подобрува и лошата концентрација, а помага и против зуење на ушите и краткорочно губење на помнењето. Па, доколку патите од вртоглавица како додаток во исхраната земете 1 капсула Гинкго Билоба, 1-2 пати дневно, по можност со храна. Препорачуваме да си набавите од NOW® Ginkgo Biloba, кој е екстракт е со најдобар квалитет достапен во целиот свет. Се препорачува само за возрасни, а се одгледува и екстрахира по највисоки стандарди. Повеќе детални информации можете да најдете на линков од онлајн продавницата на Тримекс, од каде исто така може да го набавите, ако не сте во можност да посетите некоја од поголемите аптеки.  Неговите главни позитивни својства и карактеристики се следните:

  • ја поддржува мозочната функција
  • има антиоксидативна активност
  • 24% стандардизиран екстракт
  • вегетеријански/вегански производ. Без ГМО. Кошер.

Доколку имате дополнителни прашања, посетете ја веб продавницата на Тримекс или пишувајте ни на info@sezahrana.mk, а ние ќе ја консултираме Д-р Нела и ќе ви одговориме.

4 природни начини да ги ублажите вртоглавиците 2

Чај од ѓумбир

Овој популарен здрав напиток ја ублажува мачнината и го зајакнува целиот организам, а одлично помага и при вртоглавица. Во врела вода додадете парче свеж ѓумбир и оставете го да отстои пет минути во поклопен сад. Доколку не го сакате вкусот на ѓумбирот може да го заблажите со една лажичка мед. Чајот од ѓумбир се консумира голтка по голтка, и тоа најмногу 2 чаши дневно.

Храна богата со витамин Ц и други антиоксиданси

Храната која помага против вртоглавици е онаа која изобилува со антиоксиданси. Согласно тоа, препорачуваме во вашата исхрана да вклучите повеќе зелен лиснат зеленчук, свежи овошја, како што се бананата и авокадото, а корисни се и здравите масти кои доаѓаат од извори како што е ладно цеденото маслиново масло. Исто така, консумирајте овошје и зеленчук богати со витамин Ц како што се лимонот, портокалот, пиперката, јагодите и кивијата.

Како совет плус кој може да ви го дадеме е да внимавате при изборот на витамин Ц. А, за да знаеме да направиме правилен избор на суплементи ја консулиравме Д-р Нела. Таа вели: „Што се однесува до изборот на суплементи со витамин Ц, треба да знаете дека не се сите подеднакво корисни за организмот. Некои од нив имаат мала искористливост, а некои имаат значително поголема апсорпција во организмот. Сега постои и нов вид на витамин Ц познат под името AlphaSorb-C, кој има 2 пати поголема активност од стандардниот витамин ЦAlphaSorb-C се складира во клетките и ткивата двојно подолго со што му обезбедува на организмот поголема можност да апсорбира витамин Ц. Апсорпцијата на овој витамин е 4 пати поголема од стандардниот витамин Ц. AlphaSorb-C е уникатна и патентирана не-киселинска форма на Витаминот Ц која содржи не-киселински минерални аскробати и природни состојки кои овозможуваат подобро апсорбирање во крвта и клетките отколку нормалната аскробинска киселина. Поради неутралната pH вредност на AlphaSorb-C, погоден е за луѓето кои имаат чувствителен желудник.

Овој витамин може да го најдете во аптеките, а исто така може да го порачате преку онлајн продавницата на Trimeks, каде што може да прочитате повеќе информации за него.

4 природни начини да ги ублажите вртоглавиците 3

Може да ве интересира: Земајте доволно витамин Ц за силен имунитет и одлично здравје.

Пригответе си домашен напиток од млеко со бадеми (бадемово млеко во комбинација со кравјо млеко)

Бадемите ги содржат витамините од групата Б и витаминот Е, чие антиоксидантно дејство значително помага против вртоглавици и мачнини. Во чаша со филтрирана вода додадете неколку бадеми и оставете ги преку ноќ за да набабрат. Утредента изблендирајте ги заедно со една чаша млеко и испијте ги.

Внесувајте доволно течности

Дури и благата дехидратација може до доведе до промена на крвниот притисок и да предизвика вртоглавица. За да ја спречите таа состојба, потребно е вашиот организам да го обезбедите со доволно количество на течности. Пијте што е можно повеќе вода и незасладен чај, а избегнувајте алкохолни, засладени и газирани напитоци, бидејќи тие можат да ја влошат вртоглавицата.

*Комерцијален текст

Ви препорачуваме да прочитате: Д-р Нела советува: Ginkgo Biloba ја подобрува енергијата, расположението и меморијата.

Сподели: