4 природни начини како да се ослободите од затнат нос 1

4 природни начини како да се ослободите од затнат нос

Во време на грип и настинки, затнатиот нос е многу честа појава. Сите ја мразиме таа непријатност, затоа што не можеме да спиеме на раат, а ни да се движиме. Ако сте имале затнат нос, знаете дека најтешко е во ноќните часови. Дишењето станува отежнато, а тоа може да потрае додека ви помине настинката или грипот.

Постојат неколку сигурни и природни начини за брзо да го отчепите затнатиот нос и да дишете лесно.

4 природни начини како да се ослободите од затнат нос 2

Масло

Кога е во прашање затнат нос, има две масла кои се најделотворни, тоа се маслото од оригно и пеперминт. Маслото од оригано има антивирусни, антисептички и антибактериски својства. Одлично е за респираторни проблеми воопшто, но е многу силно и треба да бидете претпазливи.

За да го одзатните носот, ставете само капка масло од оригано на чист прст, па натапкајте го на јазикот. Не го голтајте маслото, туку вдишете го преку устата и издишете го преку носот. Брзо ќе почувствувате олеснување. Плунката можете да ја голтнете по неколку повторувања на вдишувањето и издишувањето. Имајте на ум дека тоа не е преедноставно – ќе ви се насолзат очите и ќе почувстувувате како капки на устата, но издржете, затоа што маслото од оригано во овие дози, воопшто не е опасно, а помага.

Слично делува и маслото од пеперминт, кое е полно со здрави антиоксиданси и добар борец против алергии. Натапкајте само мала капка од маслото од пеперминт  под носот и ќе бидете ослободени од тегобата преку целиот ден.

Јаболкова киселина

Овој здрав напиток е одличен за многу нешта.  Бидејќи јаболковата киселина е корисна против повеќе бактерии, помага за прочистување на носот. Најдобро би било ако можете да се напиете чашка јаболкова киселина (најпожелно е да е органска).Ако тоа ви е прејако, разблажете 2 лажици киселина во шолја вода и полека испијте ја течноста.

Можете и да ја зовриете јаболковата киселина и да ја дишете пареата. Во половина литар вода која врие турете 3 лажици јаболкова киселина и дишете ја пареата неколку минути.

Испирање со сол

Солта дезинфикува, отстранува нечистотии, го олеснува дишењето и ја смирува слузокожата на носот. Растворете 1 лажица морска солво половина литар вода која врие. Штом течноста се излади, со помош на капалка или памук, капнувајте течност во една од ноздрите, а отстранувајте ја преку другата. По, потреба постапката повторете ја и со другата ноздра.

Рен

Ова моќно растение е „магионичар“ за дишните патишта. Доколку имате можност, одлично е да го јадете како салата.

Друг начин на кој можете да го искористите ренот е да направите инстант лек. Изрендајте малку рен и измешајте го со мед или јаболкова киселина. Смесата ставете ја на јазикот и вдишете длабоко. Почувајте го воздухот колку што можете и продишете низ носот пред  да ја проголтате смесата.

Ви препорачуваме да прочитате: 9 намирници кои треба да ги јадете при грип и настинка.

Сподели: