Вашата нова боја на коса веќе почна да бледнее и опаѓа, ви се здосади или едноставно сакате промена? Но, не знаете како да ја отстраните од косата без скапи козметички третмани кои дополнително ја уништуваат и ја прават сува и безживотна? Ние имаме неколку трикови со кои на природен начин ќе се ослободите од непосакуваната фарба од косата.
Фарбата од косата со текот на времето после повеќе миења опаѓа. Но, што кога бојата не ви се допаѓа, или пак сакате да ја осветлите и што побрзо да ја отстраните и да се префарбате со нова нијанса? Без оглед на тоа кои се вашите причини поради кои сакате што побрзо да се ослободите од старата боја, секогаш прво посегнете по некои природни намирници како киселина, витамин Ц, кокосово масло или пак сода бикарбона пред да се одлучите тоа да го направите во некој скап салон за убавина.

Третман за отстранување на непосакувана боја од косата со киселина
За овој третман ви е потребна само обична алкохолна киселина. Таа ќе ви помогне да ја измиете бојата од косата без притоа да ја оштетите. Помешајте ја киселината со вода во сооднос 1:1, па со овој раствор добро навлажнете ја косата. Потоа завиткајте ја во најлонска ќеса и оставете ја киселината да дејствува околу 15-20 минути. Доколку од вака подготвениот третман ни ви испадне бојата во целост, повторете го третманот така што во тој случај ќе додадете повеќе киселина, а помалку вода.
Отстранете ја непосакуваната боја од косата со витамин Ц
Иако некои за подготовка на овој третман користат свеж лимонов сок, истиот е многу поефикасен доколку се направи со таблети витамин Ц. Овој третман е особено ефикасен кај лицата со потемна боја на коса, а сакаат да ја осветлат. Повеќе информации за подготовката и употребата на овој третман може да најдете тука.
Кокосовото масло може да ви помогне за отстранување на фарбата од косата
Покрај тоа што кокосовото масло е одлично за нега на косата, тоа може да ви помогне и побрзо да се ослободите од фарбата за коса. Во топла вода загрејте ја теглата со кокосово масло. Откако ќе се загрее (внимавајте да не стане прежешко) со помош на апликатор нанесете го на целата коса. Замотајте ја главата во топла крпа и оставете го маслото да делува околу 1 час. Користете стара крпа, бидејќи целата боја за коса ќе премине врз неа, па истата ќе мора да ја фрлите. Постапката може да ја повторувате по потреба.
Третман за отстранување на непосакуваната боја од косата со помош на сода бикарбона
Содата бикарбона најдобро дејствува кога е помешана со шампонот кој вообичаено го користите. Обично се меша 1 лажица сода бикарбона со 1 лажица шампон. Сепак, треба да се напомене дека овој третман нема веднаш да ја отстрани фарбата, но ќе го забрза процесот на испаѓање. Постапката може да ја повторите после неколку дена од првиот третман.
Ви препорачуваме да прочитате: Природен спреј за осветлување на косата и побрз раст.