Машко здравје

4 клучни чекори за подобро машко здравје – Препораки од Д-р Нела Деспотовска

Ако во октомври, пишувавме за женското здравје, овој месец го посветуваме на машкото здравје. Ноември, познат и како Моември, е месец посветен на машкото здравје, со акцент на подигнување на свеста за важноста на превенцијата и раното откривање на болести специфични за мажите. Како мажите да го сочуваат своето здравје? – Важните препораки од Д-р Нела Деспотовска прочитај ги во продолжение.

Моември како иницијатива започна во 2003 година. Ги поттикнува мажите да растат мустаќи како симбол на поддршка за здравствените проблеми, особено ракот на простата и тестисите.

Машко здравје

Што мажите треба да направат за да го сочуваат своето здравје?

Редовни медицински прегледи

Мажите, особено оние над 50 години, треба редовно да прават прегледи за простата. Ова вклучува тестирање на специфичниот антиген на простатата (ПСА) и физички преглед. Најчестите проблеми кои се јавуваат се бенигната хиперплазија на простата, простатитис и карцином на простата. Ако имаш тешкотии при мокрењето, печење, чувство на нецелосно празнење на мочниот меур, често мокрење, особено ноќе или слаб млаз на урината, задолжително консултирај се со твојот матичен лекар. 

Што може да ти помогне? – Saw Palmetto Berries прв избор за секој маж

Saw Palmetto е ниско-растечка палма, која содржи бројни полезни состојки, вклучувајќи флавоноиди, стероли и масни киселини.

50-60% од мажите во светот патат од синдромот на зголемена простата што предизвикува многу болно мокрење. До зголемување на простата доаѓа поради хормонални промени кои се нормална појава кај секој зрел маж. Иако самото зголемување на простата е доброчудно, тегобите настануваат поради делумно или целосно затвoрање на мокрачниот канал и се манифестираат како отежнато, често и непотполно мокрење и болна ерекција. Блокадата на уретрата и заостанатата урина претставуваат опасност за бубрезите и се поволни за развој на инфекции.

Saw Palmetto нема естрогенско влијание на телото на мажите и е без споредни ефекти, како што е губење на сексуалната желба.

Овој додаток може да го пронајдеш во поголемите аптеки низ земјата или да го нарачаш онлајн со бесплатна достава до дома преку веб продавницата на vitamini.mk. 

Saw Palmetto машко здравје

Здрав начин на живот

Здравиот начин на живот се препорачува за сите! Потрудете се и практикувајте здрава исхрана, редовна физичка активност и избегнувајте алкохол и цигари. Овие навики ќе ви помогнат во намалување на ризикот од развој на различни болести, вклучувајќи и карцином.

Психолошка поддршка

Менталното здравје не е табу тема. Како и за физичкото здравје, така грижете се и за менталното здравје. Ако почувствувате стрес или депресија, побарајте стручна помош.

Кои суплементи ги препорачувате за мажите?

Зависно од состојбата, мажите имаат различна потреба од додатоци. Ги издвојуваме најважните:

Витамини и минерали

  • Селен: Има антиоксидативно дејство и може да помогне во заштитата од рак на простата. Искористи 40% попуст и нарачај селен преку vitamini.mk. Кликни на линкот. 
  • Витамин D: Има улога во регулирањето на нивото на тестостерон и општото здравје.

Аминокиселини

  • Суплементите како L-аргинин можат да помогнат во подобрување на циркулацијата и сексуалната функција.

Омега-3 масни киселини

  • Овие масни киселини помагаат во намалување на воспаленијата и поддршка на кардиоваскуларното здравје.

Пробиотици

  • Поддржуваат здравјето на дигестивниот систем и можат да влијаат позитивно на имунолошкиот систем. Наша препорака се Acidophilus 4*6. 
Машко здравје

Препораки:

Повеќе информации за споменатите додатоци прочитајте на веб страницата на vitamini.mk, од каде што може да ги нарачате. За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на телефонскиот број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Пред да започнете со суплементација, консултирајте се со својот матичен лекар. 

Може да те интересира: Плодност, либидо и полесна менопауза – коренот мака корисен за мажите и жените! – совети од Д-р Нела Деспотовска.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: