намирници кои грешно се приготвуваат

5 здрави намирници кои грешно се приготвуваат

Кога купувате здрава храна, секогаш имате најдобри намери. Но, ако ја јадете на погрешен начин, може да ги изгубите вредните хранливи состојки, а со тоа да внесете повеќе калории него што сте планирале. Еве неколку најтипични примери од листата на здрави намирници кои грешно се приготвуваат.

Путер од кикирики

Путерот од кикирики е одличен извор на протеини. Но, внимавајте при купување, затоа што во маркетите може да се најде путер од кикирики кој содржи шеќер, сол и хидрогенизирани масла. Сегаш изберете природен путер, без додатоци и конзерванси, а најдобро доколку го направите дома. Ние ви предлагаме да го пробате нашиот испробан рецепт за путер од кикиритки.

Сладок компир

Богат е со витамин А, делува како антиоксиданс и има антивоспалителни својства. Пржениот сладок компир не е најздравиот начин да уживате во оваа намирница. Со самото пржење се зголемува количината на масти и калории. Варењето и печењето во рерна се многу подобри методи за подготовка на слаткиот компир.

здрави намирници кои грешно се приготвуваат

Суво овошје

Кога сакате да се засладите на здрав начин, секако дека првата помисла е да земете парче суво овошје кое е одличен избор, само ако не му е додаден шеќер. Затоа при купување на суво овошје секогаш читајте ја декларацијата. А најдобро е доколку сами си направите сушено овошје, а притоа може да користите сушара или рерна. Еве како може да си направите суво овошје во рерна.

Јаболка

Јаболката се одличен избор за ужина, затоа што се слатки, сочни и богати со растителни влакна кои ќе ве заситат. Поголемиот дел од минералите (калциум, калиум, железо) и витамини (А и Ц) се наоѓаат во кората на јаболката. Но, бидејќи во кората се наоѓаат најголем дел од пестицидите, многумина ги лупат јаболката. Сепак, најдобро е јаболката да се јадат со лушпа, па при купување изберете јаболка од органско потекло. Друга опција е да го направите овој спреј и да ги отстраните пестицидите од јаболката:

Брокула

Брокулата најчесто се јаде варена, меѓутоа тоа не е и баш најздравиот начин за уживање во овој хранлив зеленчук. На оние кои не им се допаѓа вкусот на свежата брокула, може кратко да се приготват на пареа или да на пропржат. На овај начин, малку ќе омекнат дршките и цветовите, а хранливите состојки максимално ќе се зачуваат. Прочитајте кој е најдобриот начин за приготвување на брокула.

Ви предлагаме да прочитате: 5 совети како да приготвите печен зеленчук совршено и без грешка.

Сподели: