На организмот му се потребни здрави, сложени јаглени хидрати за да може да внесете доволно хранливи материи за работа на органите и елиминирање на уморот. Тоа е причина зошто вашиот организам има потреба од јаглено хидрати кога доаѓа до она добро познато попладневно опаѓање на енергијата. Најчестите симптоми кои укажуваат дека имате недостаток на јаглени хидрати се следните:
Имате недостаток на растителни влакна и магнезиум
Спрема зборовите на нутриционистот Ешли Коф, треба да бидете подеднакво загрижени ако имате намален внес на магнезиум, коj го намалува стресот, но ги релаксира и мускулите. Недостатокот од растителни влакна, може лесно да се забележи. Доколку често страдате од запек, најверојатно имате недостаток од растителни влакна. За да ги задоволите потребите на организмот, освен зеленчук, консумирајте житарките во цело зрно, мешунки и семки. За појадок направете си овесна каша со свежо овошје и ленено семе, кои освен што ќе ви дадат енергија, ќе го подобрат и варењето на храната.
Може да ве интересира: 19 извори на растителни влакна и нивна важност за здравјето.

Имате ниско ниво на витамини од групата Б
На вашиот организам му се потребни витамини од групата Б за да може да ги извршувате секојдневните активности и да имате стабилна енергија и расположение. Сложените јаглено хидрати како што се житарките од цело зрно, киноата, амарантот и многу други го обезбедуваат вашиот организам со витамини од групата Б и многу други хранливи материи, кои ќе ви дадат енергија.
Имате вртоглавици
Ако забележите пад на менталната концентрација и блага вртоглавица, причината за тоа може да биде во недоволниот внес на јаглено хидрати. Еден од знаците дека внесот на јаглени хидрати е многу мал е намалената ментална активности, при што не можете да се сконцентрирате и сте благо зашеметени. Дознајте кои 7 намирници се препорачуваат за подобро помнење.
Тешко ви е да вежбате
Имате проблеми при вежбање и не можете да ги направите вежбите како што посакувате? Можеби консумирате премалку јаглени хидрати. Јаглените хидрати се неопходни во текот на вежбањето. Ако знаете што да јадете пред вежбање ќе постигнете многу подобри резултати.
Многу ви се јаде леб
Еден од симптомите при недостаток на јаглени хидрати е големата помисла и желбата да јадете леб. Кога сте лишени од одредена храна, обично завршувате така што покасно ја јадете во голема количина. Многу е подобро во исхраната да се внесува она што природата ни го обезбедила, цели јаглени хидрати кои значат здравје, за да не претераме подоцна со прекумерен внес на рафинирани јаглени хидрати кои се лоши за нас.
Ви предлагаме да прочитате: Дали јаглените хидрати се причина за дебелеење?