киноа

6 причини да јадете киноа

Киноата е растение кое сé почесто почнува да се употребува во исхраната, поради корисните состојки и активни компоненти кои ги содржи. Истражувањата ги потврдиле позитивните ефекти од консумацијата на киноа врз здравјето, па затоа ја препорачуваме сите кои водат здрав начин на живот.  

Здравствени придобивки од користењето на киноата

  1. Киноата содржи многу моќни биоактивни супстанци наречени кварцетин и камферол. Овие соединенија имаат антиинфламаторни, антивирусни, антиканцерогени и антидепресивни ефекти.
  2. Ова растение не содржи глутен и е одлична намирница која може да се вклучи во исхраната на лица со интолеранција на глутен.
  3. Киноата е богата со минерали, чиј дефицит е присутен кај повеќето луѓе. Киноата е особено богата со магнезиум, калиум, цинк и железо.
  4. Богатството на антиоксиданси кои ги содржи киноата, помагаат за неутрализација на штетните слободни радикали, спречуваат предвремено стареење и штитат од разни болести.
  5. Ако сакате да ослабите, јадете киноа. Киноата има некои карактеристики, кои ја вклучуваат во намирници добри за губење на телесната тежина. Намирниците кои се добри за намалување на телесната тежина имаа способност да го забрзаат метаболизмот, или пак да го намалат апетитот. Улогата на киноата во намалувањето на телесната тежина се должи на нејзината висока содржина на протеини, високата количина на растителни влакна и нискиот гликемичен индекс.
  6. Киноата е богата со растителни влакна коишто се важни за одржување на нормално ниво на шеќерот во крвта. Киноата е растение со низок гликемички индекс, бидејќи јаглехидратите кои таа ги содржи бавно се дигестираат и не предизвикуваат брзо покачување на шеќерот во крвта. Ова ја прави киноата одличен избор за дијабетичарите.
киноа

Нутритивен состав на киноата (на 100гр сурова киноа)

Ако решивте да набавите киноа и да ја вклучите во вашата исхрана, следните податоци за нутритивниот состав, може да ви бидат од голема корист.

  • Калории – 368ккал
  • Масти – 6г од кои 1 гр се заситени масти
  • Јаглехидрати – 64гр, од кои 7гр се расителни влакна
  • Железо – 4,6мг (задоволува 25% од вкупните дневни потреби за железо)
  • Магнезиум – 197мг (задоволува 49% од вкупните дневни потреби за магнезиум)
  • Манган – 2мг (задоволува 102% од вкупние дневни потреби за манган)
  • Фолна киселина – 184мкг(задоволува 46% од вкупните дневни потреби за филна киселина)
  • Протеини – 14гр (задоволува 28% од вкупните дневни потреби за протеини).

Ви препорачуваме да прочитате и зошто киноата се смета за една од најздравите храни на светот.

Сподели: