5 интересни начини за приготвување на тиква

5 интересни начини за приготвување на тиква

Кај нас тиквите се консумираат најчесто печени во рерна со малку шеќер, варени или пак во облик на крем супа. Семките можеби се најискористениот дел од тиквата, кои ги јадеме како грицки или пак додадени во разни печива. Меѓутоа, вкусната тиква може да се користи на многу начини и од неа може да се припремат навистина интересни рецепти. Па, искористете ги тиквите кои сега ги има во изобилство и израдувајте го вашето семејство со вкусни специјалитети. За таа цел ви предлагаме 5 интересни начини за приготвување на тиква.

Тиквата е шампион по содржина на железо, бакар и флуор помеѓу останатите зеленчуци. Таа содржи и калиум, калциум, манган, цинк, кобалт и силициум. Богата е со пектини, шеќери, витамини (Ц, Е, Б) и каротин. По содржината на каротин таа е побогата дури и од морковот. Освен тоа, тиквата изобилува и со растителни влакна кои лесно се искористуваат од страна на организмот и е ниско калорична. Во продолжение ви претставуваме неколку интересни начини како да ја искористите тиквата.

приготвување на тиква

Топла салата со тиква

Од тиквата можете да направите вкусна, топла салата. Подготовката е многу лесна и едноставна. Претходно испечената тиква исечете ја на коцки, помешајте ја со сварена леќа, фета сирење и додајте и дресинг по желба. Доколку сакате да добиете малку на свежина во салатата може да додадете и марула.

Полнета тиква

Тиквите се одличен избор доколку сакате да припремите вегетаријански оброк. Само издлабете ја тиквата и наполнете ја со омилената смеса за полнење и испечете ја во рерна. Како смеса за полнење можете да искористите спанаќ со сирење, но и многу други варијанти со ориз или грав. Доколку сепак се одлучите за малку покалорична опција, секогаш можете да ја наполните со мелено месо и кратко да ја испечете. Во секој случај ќе добиете превкусен оброк, со кој ќе го израдувате целото семејство.

Пржена тиква

Иако од секогаш сте мислеле дека за подготовка на тиква ви е потребно многу време и труд, тоа не е вистина. Можете да ја исечкате на парчиња и да ја испржите во вок тава со пилешко месо или пак со зеленчук. Тоа нема да ви одземи многу време, а е многу едноставно за подготовка. Исто така, може да направите лесно и брзо рижото со тиква.

Крем супа

Крем супата од тиква е навистина сензационално јадење, па ако се уште ја немате пробано, оваа есен е вистинскиот момент за тоа. Во супата по желба може да додадете и пржена сланина за да добиете крцкав вкус, или пак печурки. Рецептот за оваа супа може да го погледнете тука.

Десерти од тиква

Од тиквата може да се приготвуваат и слатки јадења. Па, така можете да си направите чизкејк од пасирана тиква помешана со крем сирење, или пак мафини и бисквити. Кога сме кај десертите од тиква, еве неколку добри предлози:

Ви препорачуваме да прочитате: Водич за лесна подготовка на тиква.

Сподели: