Модерното и декоративно сервирање на храната се повеќе станува навика и секој од нас се труди да направи не само вкусна туку и декоративна трпеза. Сигурно и вие се воодушевувате на прекрасните декорации од овошје кои ги има на различните свечености како свадби, коктел забави и роденден. Декорацијата на храната ја разубавува трпезата, а некогаш не се потребни многу намирници за да направите нешто интересно.
Доколку ви се потребни идеи за да ја направите својата трпеза поатрактивна ви предлагаме 5 креативни декорации од овошје. Со малку труд и време и вие може да направите креативно дело кое сигурно ќе го привлечи вниманието на вашите гости.

Цвет од мандарина – овошна декорација за коктели
Изненадете го друштвото и за кратко време направете елегантна овошна декорација во форма на цвет од мандарина која ќе ја поставите врз чашите за служење коктел. Сите ќе бидат воодушевени од вашето креативно дело, па вреди малку да се потрудите за забавата да биде уште повпечатлива. Техника за формирање на цвет од мандарина, погледнете ја тука.
Празнична декорација од портокал и каранфилче
Направете си сами ароматична празнична декорација од портокал и каранфилче, фантастична е за секој дом! Прекрасниот мирис кој се шири низ просторот ќе ве релаксира и ќе ја разубави празнична атмосфера. За да направите празнична декорација потребни ви се 3 портокали и една ќесичка сушени каранфилчиња, а постапката погледнете ја тука.
Лепеза од јаболко
За да направите лепеза од јаболко, која што освен што ќе ви ја краси трпезата и ќе ви ги радува очите, исто така може да се јаде. Потребно ви е јаболко кое е здраво и свежо, а бојата може да биде, зелена, црвена или жолта според тоа што вие сте го замислиле или пак според другите бои кои сте ги предвиделе за декоративниот изглед на јадењата, приборот, а и целата трпеза. Затоа, ви предлагаме да го погледнете видеото за изработка на лепеза од јаболко.
Миризлива свеќа од портокал за една минута
Миризливите свеќи покрај тоа што служат како декорација, имаат и релаксирачко дејство. Доколку сте љубител на мирисот на портокал, а сакате да имате оригинален декоративен елемент во вашиот дом, тогаш ви предлагаме да го испробате нашиот предлог. Подготовката на едноставната свеќа од портокал е многу лесна, а може да ја погледнете тука.
Елегантна декорација на лубеница
Декорацијата на лубеница, воопшто не е тешка за изведување, а ќе изгледа уште попривлечна. Она што ви е потребно е мала лубеница и остар нож. Техниката за декорација на лубеница, погледнете ја на видеото.
Ви предлагаме да прочитате: 13 техники за декорација на салфетки.