Здравјето и убавината на нашата кожа во голема мера зависи од начинот на исхрана. Затоа, ако и вие како нас, сте љубител на блескава кожа, треба да го прочитате овој текст. Еве кои 5 намирници за убава кожа ги издвоивме како најлесно достапни помошници во корист на природната убавина!
Секој кој води грижа за својата кожа и вложува труд за да има убав тен, треба да негува и одредени навики на исхрана. Овие намирници ќе ви помогнат и повеќе од што очекувате.

Кокосово масло
Кокосовото масло е богато со добри масти, а најзастапено е во тајландската и индиската кујна. Може да се консумира во исхранaта, а при тоа го забрзува метаболизмот. Кокосовото масло наоѓа широка примена и во козметиката, кааде што се користи како одличен природен препарат за хидратација на кожата. Тоа влегува во состав на голем број напилинзи од кафе. Пилингот ја враќа еластичноста, ја хидрира кожата, ги отстранува мртвите клетки и нечистотиите, ја помага циркулацијата на крвта, а со тоа и здравиот изглед на кожата.
Бадеми
Бадемите се одличен извор на растителни влакна и протеини. Ако консумирате бадеми или путер направен од нив, ќе му обезбедите на организмот многу здрави состојки. Бадемот содржи доста витамин Е, манган и селен, кои вашата кожа ќе ја направат сјајна и мазна. Исто така, витаминот Е ќе ја заштити вашата кожа од лошото влијание на сончевите зраци.
Чиа семе
Ова зрнесто семе со темна боја е богато со растителни влакна, протеини, фосфор, антиоксиданси и омега 3 масни киселини. Овие корисни масни киселини ги зајакнуваат клетките на кожата и ја штитат од негативното влијание на токсините.
Грозје и вино
Ресвератролот е познат уште како „фонтана на младоста“. Него го има во белото и црвеното грозје, а многу поволно влијае врз здравјето и убавината на кожата. Еве уште една причина за да се почестите со чаша вино.
Чоколадо со висок процент на какао
Чоколадото содржи флавоноиди. Тоа се антиоксиданси кои го успоруваат стареењето и се успешни борци против слободните радикали. Исто така, ја штитат кожата од негативното влијание на сончевите зраци и од стареење, така што делуваат превентивно на појавата на брчки и промена на бојата на кожата. Покрај тоа, додека јадеме чоколадо, мозокот испушта ендорфин кој нам ни го поправа расположението и поволно влијае во организмот.
Ви препорачуваме да прочитате: Убава и здрава кожа – тајната е во водата.