Се разбира, во пролет и лето пиеме повеќе вода поради повисоките температури. Но, понекогаш сите знаеме да си направиме лимонада или пак друг освежителен пијалак со вода и разни овошја. Во топлите денови сакате да се освежите и разладите? – Пробајте еден од овие напитоци со овошје.
Кокос, јагоди, малини… Мх, мх. Совршено летно освежување и уживање во топлите денови. Ова е нашиот избор на овошја, а вие која комбинација и да ја изберете, нема да згрешите. Направете си го вашиот омилен впијалок со овошје и уживајте. Со мраз или без, изборот е ваш. На здравје!

Вода со малини и зелен лимон
Кој не сака малини? – Во комбинација со лимета, даваат екстра освежителен пијалак. Измијте и изгмечете 1 филџан малини и ставете ги во стаклен бокал или поголема тегла. Зелениот лимон добро измијте го и исечкајте го на кругови, а потоа круговите пресечете ги на половина. Ставете ги во бокалот и додајте 1 1/2 литар вода. Пијалакот измешајте го и оставете го да се излади во фрижидер или додајте мраз.
Вода со ананас
Уште еден вкусен напиток. Во голема тегла или бокал ставете 1 шолја излупен ананас исечкан на мали парчиња. Ананасот изгмечете го на парчиња. За поголемо уживање, прелијте го со 3-4 лажици кокосово млеко. Додајте 1 до 1 1/2 литар вода. Оставете да отстои неколку часа во фрижидер, а потоа исцедете го пијалокот.
Вода со јагоди и киви
Кога ќе слушнете јагоди, веднаш ве асоцира не лето, нели? – А, бидејќи јагодите се карактеристични за овој период од годината, сега е вистинско време да ги пробате во комбинација со киви и тоа како вкусен пијалак. Во бокал ставете 6 добро имиени јагоди и 4 излупени кришки киви. Овошјето изгмечете го и прелијте го со 1 литар вода. Смесата добро измешајте ја и оставете ја да се излади. По желба, отстранете го овошјето.
Вода со лимон и нане
Оваа комбинација со освежувачки вкус е добро позната на сите. Во бокал ставете 5-6 листови свежо нане и малку истолчете ги за да пуштат сок. Исцедете сок од половина лимон и додајте го во теглата. Другата половина од лимонот исечете ја на кришки и ставете ја во теглата. Додајте 1 литар вода и неколку коцки мраз.
Вода со диња и краставица
Ставете неколку коцки мека и блага диња во тегла и изгмечете ја. Краставицата излупете ја и додајте ја во теглата. Додајте 1 литар вода. Напитокот ставете го во фредер неколку часа, а потоа исцедете го.
Ви препорачуваме да прочитате: Вода – најздравиот пијалак кој помага при слабеење.