пролетна алергија

5 природни лекови кои ќе ви помогнат при пролетна алергија

Пролетта е убава, но некои од нас не можат да уживаат во зелената трева и расцветените цвеќиња. Голем број на луѓе страдаат од пролетна алергија, а симптомите се насолзени очи, иритирано грло и течење на носот. Ако страдате од сезонски алергии секоја пролет, ние ви предлагаме неколку совети поврзани со начинот на исхрана кои ќе ви помогнат полесно да се справите со симптомите кои ги чувствувате.

Пијте природни чаеви

Чаевите од камилица, нане, мајчина душица, ѓумбир и коприва помагаат за намалување на иритацијата на грло и ги ублажуваат симптомите на алергија. Покрај тоа, ладните облози од камилица ќе ја намалат отеченоста на очите и веднаш ќе го почувствувате пријатниот ефект.

пролетна алергија

Зачинете ја храна со кари

Карито во својот состав содржи куркумин, кој е моќен антиоксиданс и има антивоспалителни својства. Истражувањата покажале дека доколку дневно се внесува 1200 мг куркумин, има ист ефект како и антиинфламаторните лекови.

Јадете храна со виолетова боја

Виолетовата боја на храната, ја даваат антицијаните кои имаат докажани антивоспалитени својства. Па доколку страдате од алергии, во вашата исхрана вклучете цвекло, цреши, боровинки и црвено грозје.

Често конусмирајте зелен зеленучк

Зелениот зеленчук како брокула, марулка, блитва, зелка и др., во својот состав содржат хесперитин и хесперидин, кои имаат антиканцерогено, антиинфламаторно дејство, влијаат за намалување на холестеролот и ги штитат крвните садови од оштетување.

Јаболка за намалување на симптомите при алергија

Некои луѓе кои јадат многу јаболка имаат подобра функција на белите дробови и намален ризик за појава на заболувања на истите. Јаболката во својот состав содржат кверцетин кој позитивно влијае на крвниот притисок, го намалува ризикот од срцеви заболувања и штити од појава на канцер на простата, дебелото црево, јајниците, градите и желудникот. Оваа состојка исто така ја содржи и зелката, карфиолот, оревите, црниот, зелениот и белиот чај.

Ви предлагаме да прочитате: Чај од коприва против кашлица и слаба крв.

Сподели: