5 добри причини да јадете мушмули 

Мушмулите водат потекло од југозападна Азија и југоисточна Европа, а во Германија први ја донеле Римјаните, кои меѓу првите ги откриле нејзините благодeти многу одамна. Кремастите, сочни мушмули во својот состав кријат голем број на витамини, минерални материи и растителни влакна.

Благодарение на хранливиот состав, редовната консумација на мушмулите нуди голем број на позитивни здравствени придобивки, меѓу кои:

Консумација на мушмули го намалува ризикот од дијабетес (шеќерна болест)

Голем број истражувања се направени и е утврдено дека екстрактот од мушмули има анти-дијабетски својства. Се смета дека ова се должи на поволното влијание на мушмулите во намалување на шеќерот во крвта.

Мушмулите позитивно влијаат при заболувања на црниот дроб

И покрај тоа што не е познато која состојка од мушмулата е одговорна за подобрувањето на здравствената состојба на црниот дроб, треба да се знае дека мушмулите се користат при појава на асцит (течност) и хепатомегалија (зголемен црн дроб).

мушмули

За здрави црева и правилно варење на храната консумирајте мушмули

Мушмулите освен што се освежително овошје за сите генерации, особено се препорачуваат во исхраната кај лица кои имаат проблеми со гастроинтенстиналниот тракт, како дијареа, гастроентеритис, ентероколитис и колитис.

Отстранете ги токсините од организмот

Бидејќи содржат голема количина на вода, мушмулите го хидрираат организмот, помагаат во формирањето на урина и во отстранувањето на токсините. Нивната консумација, особена е корисна при појава на гихт, зголемени количини на урична киселина и камчиња во бубрезите.

За да ја намалите телесната тежина и холестеролот јадете мушмули

Како резултат на големата количина на растителни влакна и високиот процент на вода, мушмулите се идеална храна која се препорачува да се консумира при диета. Покрај тоа, присуството на пектин помага во нормализирање на нивото на холестерол.

Сподели: