здрава храна за секој ден

5 здрави намирници кои треба да ги јадете секој ден

За да се сочува здравјето, многу е важно да се внимава на храната која се консумира. Заедно со редовната физичка активност претставуваат клучни фактори кои ќе ви обезбедат енергија во текот на целиот ден. Помеѓу големиот избор на здрави намирници, издвоивме 5 најважни кои е пожелно да ги јадете секој ден.

Банана

Таа е скапоцен извор на калиум, минерал кој го поттикнува исфрлањето на вишокот на течности од телото. Освен тоа, помага и при регулирање на крвниот притисок. Но, треба да се внимава на калориите. Бананата изобилува со шеќер, 100 грама содржат помалку од 100 калории. И покрај тоа, има 5 состојби кога е подобро да изберете банани отколку лекови.

Совет плус: Не јадете банана по оброк. Јадете ја за појадок или како ужина.

Јогурт

Богат е со активни млечни култури што помагаат во чистењето на организмот од штетни и отпадни материи. Јогуртот со малку масти има мал број на калории. Консумирајте го за појадок или меѓу оброци, но и како лесен прелив за салати. Важно е да се знае дека јогурт е супер храна за здрави коски и силен имунитет.

zdravi namirnici

Целер

Целерот е богат со растителни влакна и е одличен чистач на организмот. Истовремено има хидратантно дејство и помага во одржувањето на тонусот на ткивото. Додајте сечкан корен од целер во салата или блендирајте го заедно со јаболко и морков за да добиете сок, кој помага да се намали задржувањето на водата во ткивата. За целерот се вели дека е борец за витка линија, свеж здив и штити од леукемија.

Киви

Кивите се богати со растителни влакна што го олеснуваат работењето на дигестивниот систем, одржувајќи го организмот чист. Кивите содржат големо количество на витамин Ц. Најдобро време за јадење киви е наутро на пазен стомак или во комбинација со немасен јогурт.

Вода

Природната вода со низок процент на натриум е најдобар сојузник во борбата против целулитот. Го поттикнува излачувањето и го спречува штетното таложење на отпадните материи. Се препорачува да се пие по еден и пол литар, во мали голтки во текот на денот. Започнете го денот со млака вода во која ќе додадете цеден лимон, за да го забрзате метаболизмот и да ги искористите сите придобивки од природата.

Ви предлагаме да прочитате: 14 намирници за долг живот (листа од Џејми Оливер).

Сподели: