рецепти за домашен сладолед

5 избрани рецепти за домашни сладоледи

Со затоплувањето на времето сите сме во очекување на летното расположение, одмор, долги вечери покрај море, планина или во зелените паркови. Гледано од кулинарски аспект, летото е синоним за освежителните домашни сладоледи кои сите ги обожаваат. Ванила, чоколадо, јагода, праски… листата на сладоледи е долга.

Домашен сладолед од ванила

Веруваме дека на сите на убаво ни доаѓа кога во тропските горештини се освежуваме со сладолед. Нашата пријателка Лана ни предлага одличен домашен рецепт за сладолед од ванила, во кој по желба може да додадете свежо овошје, кафе, лешници и слично.

домашни сладоледи

Здрав чоколаден сладолед со портокал

И ние многу обожаваме сладолед, па затоа ви претставуваме здрава варијанта на чоколаден сладолед, кој се прави од кокосово млеко, банана, какао и портокал, по рецепт од нашата пријателка Диана. Рецептот за чоколадниот сладолед, прочитајте го тука.

Домашен сладолед од јагоди

Времето затоплува, а сезоната на јагоди и е во полн ек. И токму во овој период, ние уживаме во освежителните сладоледи од овошје, кои доколку дома се направени, нудат вкусно задоволство и дружење. А што има по освежително од сладолед од јагоди?

Домашен овошен сладолед од праски

Сигурно ќе се согласите дека највкусното освежување во летниот период се домашните сладоледи. Некои од нас обожаваат сладолед со вкус на чоколадо, ванила, но овошните вкусови даваат повеќе свежина во топлите летни денови. Токму ваков рецепт за домашен сладолед од праски ни предлага нашата пријателка Лана.

Рецепт за домашен сладолед од портокал

Ако сте љубител на сладолед и посакувате да ги пробате дома сите тие убави вкусови, овој рецепт за домашен сладолед од портокал сигурно ќе ви се допадне. Лесно се прави, а излегува доволно за да се почестите со семејството. Рецептот за сладолед од портокал, прочитајте го тука.

А приготвениот сладолед послужете го во домашни корнети, кои може лесно да ги направите.

Сподели: