Рецепт за домашен сладолед од портокал

Рецепт за домашен сладолед од портокал

Ако сте љубител на сладолед и посакувате да ги пробате и дома сите тие убави вкусови, овој рецепт за домашен сладолед од портокал сигурно ќе ви се допадне. Лесно се прави, а излегува доволно за да се почестите со семејството.

Овошните сладоледи се посебно освежителни, а најмногу ги обожаваат децата поради лесниот вкус и секако дамите кои сакаат да се изладат и освежат со сладолед кој сепак има некоја калорија помалку во споредба со чоколадните вкусови. Ви препорачуваме да го направите овој кремаст домашен сладолед од портокал и да го пробате со вашите најмили кои без сомнеж ќе го обожаваат.

Рецепт за домашен сладолед од портокал

Состојки:

  • 400 мл кокосово млеко
  • 2 портокали со средна големина
  • 4 лажици мед или друг засладувач по желба
  • 1 лажичка екстракт од ванила.

Подготовка:

  1. Најпрво измијте ги и излупете ги портокалите, а потоа поделете ги на кришки.
  2. Кришките портокал наредете ги на рамен сад, ставете ги во замрзнувач и оставете ги да стојат додека потполно не се замрзнат.
  3. Половина од замрзнатите кришки од портокал се ставаат во блендер и се блендираат заедно со кокосовото млеко, додека не се добие густа смеса.
  4. Потоа, врз останатата половина додајте го засладувачот (мед, шеќер во прав, јаворов сируп и слично, зависно од вашата желба) и екстрактот од ванила.
  5. На крај, изблендирајте ги сите состојки заедно, а сладоледот турете го во пластичен сад со капак и оставете убаво да се замрзни, па послужете се.

Сподели: