Овој период од годината, со променливото време настините се неодминливи гости во нашите домови. Покачена температура, поспаност, воспаленија, болки во зглобовите, кашлање и течење на носот се многу често застапени симптоми. Затоа, постојано сме во потрага по витамини, минерали и други додатоци, се со цел што повеќе да се заштитиме. Постојат многу начини за да се намали воспалението кое настанало, а еден од нив е употребата на зачини во исхраната. Ви откриваме 6 зачини со најдобро антивоспалително дејство.
Зачините освен што ја прават храната повкусна, тие исто така се борат и против воспаленијата во телото. А кои се најдобрите, дознајте во текстот!

Еве кои 6 зачини имаат најдобро антивоспалително дејство:
Цимет
Консумирањето на цимет ги намалува воспаленијата во организмот, кои може да предизвикаат хронични болести. Со додавањето на цимет во исхрана може да се заштитите од воспаленија, но и да ги намалите главоболките и специфичните болки како оние од артритис.
Може да те интересира: Мед и цимет – слатка комбинација која го чува имунитетот, помага за слабеење, висок холестерол.
Лук
Лукот има многу лековити својства. Го нарекуваат природен антибиотик, моќна билка со антиканцерогено и антивоспалително дејство, успешна во справување со габични инфекции и во борбата со некои вируси. Содржи алицин кој ги уништува инфекциите на дишните патишта, а различни студии покажале дека е ефективен во чистењето на белите дробови кај пушачите. Лукот го намалува ризикот за појава на рак, го подобрува имунитетот, ги штити крвните садови и го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.
Кликни тука и дознај како може да ја зголемиш хранливата вредност на лукот со неколку трикови.
Црн пипер
Црниот пипер е добар при третман на респираторни заболувања, настинки и грип благодарение на неговите силни антивоспалителни својства. Содржи супстанца наречена пиперин која е многу ефикасна во лекувањето на акутно воспаление. Здравствените придобивки од црниот пипер се многубројни како намалување на симптомите од респираторни заболувања, настинки, запек, лошо варење на храната, анемија, импотенција, заболувања на забите, дијареја и срцеви заболувања.
Ѓумбир
Еден од омилените зачини и сојузник на човековото здравје! Ѓумбирот jа намалува болката и воспалението, благодарение на антивоспалителниете состојки кои ги содржи. Помага при мачнини и повраќање, при артритис, стомачни и срцеви проблеми. Покрај тоа, ѓумбирот помага и при хронични болки и мигрени, како и делува превентивно против настинки и грип. Прочитај како може да направиш лековит напиток од ѓумбир против болки и воспаленија.
Куркума
Одамна е познато дека куркумата поседува анти-воспалителни својства и има благопријатно дејство за многу болести, па дури и за најтешките. Половина лажичка куркума во топло млеко е ефикасен лек за болка предизвикана од воспаление. Куркумата е позната како жолто чудо од природата кое лечи многу болести, кликни и прочитај.
Каранфилче
Каранфилчето е зачин со ароматичен мирис и слатко-горчлив вкус, и има многу лековити својства. Има силно антивоспалително дејство, ја ублажува забоболката и го подобрува варењето на храната. А знаеш како да препознаеш каранфилче со добар квалитет?
Ви препорачуваме да прочитате: 5 зачини кои го чуваат здравјето.