Има голем број луѓе кои страдаат од интолеранција на глутен и се соочуваат со здравствени проблеми, а има и такви кои сакаат да го подобрат квалитетот на живот или се обидуваат да ги следат најновите трендови на храната. Така, од повеќе причини, а пред се, да им помогнеме на оние кои им е најпотребно повелете повеќе рецепти за брзи пити без глутен на едно место.
Брза пита со спанаќ и сирење
Потребни ќе ви бидат само 5 минути за да ја припремите, а може да ја направите со свеж или замрзнат спанаќ. Рецептот е лесен и брз, а можете да го погледнете тука.
Брза пита со тиквички и мелено месо
Ако барате брз и лесен рецепт за летна пита, имаме одличен предлог за вас. Направете брза пита со тиквички и мелено месо. Идејата за рецептот ја добивме од групата Македонската кујна – некогаш и денес, на предлог од Татјана Галовска, но направивме некои измени и добивме поразличен вкус на оваа мека, сочна пита без глутен. Кликнете тука за да видите како да ја направите.
Брза пита со праз, сирење и карфиол
Одлична е како предјадење или лесна вечера. Може да ја јадат и вегетаријанци и алергични на глутен, сите кои сакаат да ослабат или едноставно го негуваат своето здравје. Празот е вкусен и хранлив зеленчук кој припаѓа на групата нискокалорични зеленчуци и содржи 90% вода или само 31 калорија во 100 грама. Тој е зеленчук кој вреди да се консумира почесто и пожелно е да сте запознаени со неговите здравствени карактеристики, како и придобивките кои придонесуваат за празот да му овозможува на нашиот организам силен имунитет и долг живот. Повелете линк со корисни информации за празот, а рецептот за подготовка на питата можете да го прочитате тука.
Лесна солена торта со спанаќ и урда
Во нашата кујна, креиравме лесен рецепт за здрава солена торта со спанаќ и урда, каде што наместо бело брашно се користи пченкарно брашно, со што оваа пита може да ја консумираат и лица кои имаат интолеранција на глутен. Солената торта е вегетаријанска, богата со протеини и растителни влакна и не содржи квасец, а еве го рецептот како да ја направите.
Печена пита од компири, праз и маслинки
Уживајте во секое залче од ова прекрасно јадење! Оваа печена пита од компири со зеленчук и здрави протеини убаво ќе го нахрани целото семејство. Кликнете тука за рецептот.
Брза пита со штавеј, јајца и сирење
Ако сакате да јадете нешто здраво и вкусно со многу протеини и витамини, пробајте го нашиот најнов сезонски специјалитет, пита со штавеј, јајца и сирење. Се подготвува брзо, лесно и едноставно, а ќе им се допадне на сите. Повелете рецептот.
Ви препорачуваме да прочитате: 3 испробани рецепти за проја без глутен.