Се храните здраво, но апетитот ви го отежнува намалувањето на телесната тежина? Можеби треба да направите мали промени во исхраната и да ја постигнете вашата цел. Се прашувате како? Многу лесно, со избор на намирници кои го намалуваат апетитот.
Ние сме секогаш тука да ви дадеме совети за исхраната и слабеењето. Па така, во оваа прилика ви претставуваме кои намирници помагаат да ја намалите потребата од храна за кусо време.
Зелка, краставици, марули
Зелените зеленчуци се совршени за намалување на апетитот. Брзо го полнат стомакот, а имаат мал број калории. Токму затоа, пред секој оброк направете си салата од зелка, краставици или марули и значително ќе го намалите внесот на калории. Во просек, луѓето кои редовно јадат салата пред оброкот внесуваат по 12 проценти помалку калории. Гледано на подолг период, тоа ќе резултира со постепено намалување на килограмите.

Јаболко
Јаболката се богати со растителни влакна и поради тоа ќе се чувствувате сити подолго време. За да изедете едно јаболко ќе ви треба малку повеќе време, па така мозокот ќе има доволно време да ја добие информацијата дека сте најадени.
Темно чоколадо
Темното чоколадо со најмалку 60 до 70 проценти какао е одлично за ублажување на гладот. Овој вид чоколадо е корисен за здравјето, но би требало да внимавате при конзумирањето, затоа што сепак содржи шеќер и масти.
Супа
Супите се вкусни, а не се претерано калорични. Според медицинските истражувања, луѓето кои дневно на менито имаат две порции супа, намалуваат двапати повеќе телесна тежина од оние кои истите калории ги внесуваат преку друга храна. Секако, подобар избор се бистрите супи од зеленчук, наспроти кашестите супи.
Банани
Доколку чувствувате глад, а следниот оброк ви е планиран за подоцна во денот, изедете една банана. Таа ќе го ублажи гладот и без проблем ќе издржите до оброкот. Во бананите има голема количина на калиум и растителни влакна. Двете состојки го подобруваат варењето на храната и даваат чувство на ситост.
Ви предлагаме да прочитате: 5 карактеристики на емоционалниот глад.