6 намирници кои ефикасно го чистат црниот дроб

Покрај мозокот, црниот дроб е оној орган кој има најмногу работа во човечкиот организам. Според многу научни истражувања, црниот дроб има околу 500 функции. Од филтрирање на отровните материи во крвта, па се до намалување на нивото на хормоните кои предизвикуваат стрес и холестерол. Затоа, треба редовно да се консумираат намирници кои ефикасно го чистат црниот дроб.

На црниот дроб повремено му е потребна помош за да га извршува сите негови функции. Добрата вест е тоа што одредени природни хранливи материи имаат моќ ефикасно да го прочистат црниот дроб од токсини. Во продолжение дознајте кои се тие намирници и потрудете се почесто да ги вклучите во вашата исхрана.

намирници кои ефикасно го чистат црниот дроб

Глуварче

Ова е сигурно најпотценетата намирница на оваа листа. Глуварчето содржи многу горчливи супстанции кои го помагаат чистењето на црниот дроб и ја подобруваат неговата работа. Тоа може да се консумира во облик на чај, а од неговите листови може да се подготви и свежа салата. Доколку одлучите да го консумирате во свежа состојба многу е важно да изберете млади и светли листови кои не се собрани на прометни места.

Цвекло

Овај зеленчук е познат по многуте лековити својства кои ги поседува, но на прво место по тоа што содржи железо. Покрај тоа, цвеклото содржи и бетаин, компонента која е од големо значење за добра дигестија, што е една од многуте задачи на црниот дроб. За да го обезбедите организмот со доволни количини на бетаин, најдобро е цвеклото да се јаде во свежо.

Може да ве интересира: Направете лековита салата од цвекло која ги чисти црниот дроб и дебелото црево.

Авокадо

Неодамна е откриено дека каротеноидите може да го заштитат црниот дроб од разни заболувања и да го намалат неговото замастување предизвикано од дебелина, дијабетес тип 2 и други сериозни заболувања. Иако, авокадото содржи мали количини каротеноиди, докажано е дека ја подобрува апсорпцијата на оваа материја од 2-6 пати. Затоа, авокадото треба да се комбинира со други намирници кои содржат големи количини на каротеноиди како што се доматите, морковите, тиквите и сл.

Ленено масло и семе

Една од 500 функции на црниот дроб е и да го филтрира вишокот на хормони. Лененото семе и масло може да бидат од голема корист за таа намена.

Лимон

Лимоненот, компонента која е пронајдена во лимонот може да го поттикни телото да произведува повеќе глутатионин, нутриент кој ја потпомага детоксикацијата на црниот дроб и ги неутрализира токсините. Додајте свежо цеден лимонов сок во вода, зачинете ја вашата салата со него или пак нарендајте малку кора од лимон во чорбите и супите и направете нешто добро за црниот дроб.

Куркума

Уште една намирница која е позната по своите лековити својства. Овој зачин е еден од најголемите извори на бета каротен за кој е познато дека го штити црниот дроб од штетните влијанија на слободните радикали. Докажано е дека куркуминот, главната компонента која се наоѓа во куркумата може да го заштити црниот дроб од лошото влијание на алкохолот.

Ви препорачуваме да прочитате: Природни намирници за чистење на замастен црн дроб.

Сподели: