Јапонките се познати се како жени кои никогаш не се здебелуваат, а долгиот живот на нивниот народ долго време е интригантна тема за голем дел од светот. Јапонците откриле дека нивните тајни за витка линија и долговечност се кријат во нивните животни навики.
Во продолжение прочитајте кои се нивните навики и начела за здраво тело и здрав дух.
Заборавете на десертот
Јапонците на крајот од оброкот пијат зелен чај, за разлика од жителите на голем број земји во светот каде се практикува засладување после ручекот. Доколку пак не можете без слатката храна, избирајте да ја јадете во претпладневните часови. Со намалувањето на количината на слатки и колачи, ќе го намалите и ризикот од висок крвен притисок и срцеви заболувања.
Не претерувајте со храната
На јапонскиот остров Окинава живеат најголем број на стогодишници кои тврдат дека нивната тајна за долговечност е никогаш да не се заситувате потполно за време на оброците. Престанете да јадете пред да почувствувате дека сте потполно сити. Така ќе ја одржите витката линија и ќе го зачувате здравјето.
Јадете поголема количина на риба
Кај јапонците суши е едно од традиционалните јадења, а оваа храна е важен извор на омега 3 масни киселини, кои се значајни за функционирање на мозокот и за здравјето на срцето. Јапонците обично јадат помеѓу 80-100 грама риба дневно. Се смета дека ваквиот начин на исхрана им овозможува поретко да имаат проблеми со холестеролот и срцевите заболувања.

Редовно движете се
Она што ни е општо познато го советуваат и јапонците, трудете се да поминете што помалку време во седечка положба, а што повеќе да пешачите. Повеќе истражувања велат дека 2 часа пешачење дневно го продолжува животот за 7 години.
Не ги избегнувајте „добрите“ бактерии
Небројно многу студии покажале дека „добрите“ бактерии го зајакнуваат имунитетот. Тука се мисли на пробиотиците кои може да се најдат во функционалните јогурти, кефирот, киселата зелка итн, односно јадења или намирници кои се ферментирани и кои го забрзуваат растот на корисните бактерии во цревата, а го намалуваат процентот на штетна микрофлора.
Редовно одете на лекарски прегледи
Свесноста за сопственото здравје е многу важна, а тоа го потврдуваат и мудрите јапонци. Според нив, превентивата е многу важна, па поради тоа барем еднаш годишно посетуваат лекар за комплетен лекарски преглед.
Ви предлагаме да прочитате: Сурутката – природен лек за долг и здрав живот.