трупка

7 лековити својства на трупката кои не ги знаете

Сигурно никогаш во животот не сте слушнале дека јадењата приготвени од трупка некому му се омилени. Иако е поприлично запоставена во однос на сите други зеленчуци, трупката е многу здрава намирница и треба да ја вклучите во исхраната. Еве и зошто.

Трупката е распространет зеленчук во Европа и луѓето ја користат уште од предисториската доба. Често се сместува меѓу коренастите билки како магдоносот, целерот и компирот, но таа е дел од фамилијата на зелки, како брокулата и прокељот. Пребогата е со хранливи состојки, а многу е сиромашна со калории. Покрај кореното, се јадат и листовите од трупката.

трупка

Хранливи вредности на трупката

Една трупка со средна големина од 122 грама има 34 калории, 0 грама масти, 8 грама јагленихидрати и 1 грам протеини. Овој состав трупката ја прави зеленчук кој е идеален за сите диетални режими. Само една трупка ќе ви обезбеди 54% од дневните потреби на телото за витамин Ц, 8% манган, 7% калиум и 5% витамин Б6, фолати и бакар.

Лековити својства на белата трупка

Со консумацијата на зеленчук и овошје е докажано дека се намалува ризикот од многу болести. Истражувањата покажале дека консумирањето на поголема количина на зеленчук како трупката помага за:

  • намалување на ризикот од дебелина,
  • дијабетес,
  • срцеви заболувања
  • и подобрување на здравјето.

Трупката е корисна при лекување на дивертикулоза

Исхраната богата со растителни влакна е ефикасна за лекување на дивертикулоза, затоа што ја апсорбира водата во дебелото црево со што се ублажува воспалението и се подобрува работата на цревата. Ако вашата исхрана е богата со зеленчук и овошје, придобивките се намалување на притисокот и воспалението на дебелото црево. Една чаша варена трупка ви обезбедува 4 грама растителни влакна.

Го намалува покачениот крвен притисокот

Трупката содржи супстанции познати како диетални нитрати кои се многу корисни за кардиоваскуларниот систем. Тие заедно со калиумот кој го содржи трупката влијаат за намалување на крвниот притисок.

Корисна е во борбата против рак

Уште во 80-тите години е објавено истражување во кои се наведува дека консумацијата на трупка, карфиол и зелка ги намалуваат шансите од канцерогени заболувања. Тоа се должи на компонентата сулфорафан која му дава малку горчив вкус. Се верува дека во иднина оваа компонената би можела да биде дел од лековите против карцином.

Ви предлагаме да прочитате: Салата со дајкон, морков и печен сусам.

Сподели: