7 идеи за појадок

7 летни идеи за појадок со интегрален леб

Златно-кафеавата боја и крцкавата кора на печениот интегрален леб го прават идеален во солени или слатки комбинации. Ви предлагаме 7 вкусни и лесни идеи за појадок кои ќе ве инспирираат за здрав почеток на денот. 

Крцкав печен леб, намаз, овошје или зеленчук, чаша кафе и сок… звучи како појадок од рестораните, нели? Продолжи со читање и избери го твојот летен фаворит!

идеи за појадок со леб

Еве зошто ќе ги засакаш овие здрави идеи со интегрален леб:

  • На лесен начин ќе јадеш житарици во зрно и здрави масти. 
  • Може да го искористиш омилениот намаз.
  • Појадокот со парче интегрален леб е совршен кога си во брзање.

Комбинации може да направиш:

Интегрален леб со авокадо и јајце

Овој појадок е богат со протеини и здрави масти. За да го направиш во мала чинија изгмечи половина зрело авокадо, додај лажичка лимонов сок и малку сол. Интегралниот леб може да го испечеш во тостер по желба. Лебот премачкај го со пастата од авокадо, а потоа додај сечкано варено јајце, црвена пипер или црн пипер по вкус. Комбинацијата е предобра!

Тост со интегрален леб

Омилениот тост може да го направиш и со интегрален леб. Земи две парчиња интегрален леб со сончоглед. Премачкај ги со кечап и додај оригано. Врз едното лепче стави кашкавал и тостот испечи го 2-3 минути. Уживај во омилената храна, на здрав начин!

тост за појадок

Крцкави брускети со сирење и домати

Доматите исечкај ги на коцки и измешај ги со сирење (може и моцарела по избор), свеж босилек, маслиново масло, сол и црн пипер. Врз печен Баварски леб стави 1 до 2 лажици од сместа, а потоа по желба додај малку балсамико оцет или прелив. 

Парче леб со авокадо и фета сирење

Авокадото исечи го на тенки ленти, а ако е многу зрело може да го изгмечиш и измешаш со лимонов сок и сол. Стави го авокадото на лебот, а потоа додај парче сирење. Јајцето испржи го и додај го врз сирењето. Превкусно! Наш предлог за оваа комбинација е интегрален леб со 6 семиња. 

Леб, хумус и краставица

Посно и многу вкусно! Интегралниот леб со 6 семиња испечи го и премачкај го со хумус. Додај краставица исечена на ленти, и ротквица исечена на кругови. Зачини со буковска пипер. Совршено!

интегрален леб со хумус

Леб со путер од кикирики, банана и мед

Ти се каснува нешто слатко? Еве една комбинација која е омилена на многумина. Намачкај путер од кикирики врз парче леб, а потоа додај сечкана банана и мед. Вкусно, слатко и здраво. 

Леб со путер од јаткасти плодови и чоколадо

Уште една слатка комбинација! Избери путер од кикирики, бадеми или индиски ореви, намачкај на леб и додај парчиња темно чоколадо. Протеинска и здрава комбинација!

Ова се само мал дел од безбројните варијации кои може да ги направиш со парче интегрален леб. Биди креативен, храни се здраво и направи ја твојата омилена комбинација. И не заборавај да ја споделиш во групата Сѐ за храна!

Може да те интересира: Од кујната на Катерина Ш. Спасеновска: Брзи краставица сендвичи и мезе залчиња.

*Текстот е поддржан од Жито Лукс.

Сподели: