Намирници за добро расположение

7 намирници го подобруваат расположението и го зголемуваат серотонинот – препораки од Д-р Нела Деспотовска

Намирниците кои се богати со триптофан, аминокиселина која помага за зголемување на нивото на серотонин, може да има позитивен ефект на расположението и целокупното здравје. Кои намирници го подобруваат расположението? Како да се зголеми трипотофанот? – На оваа тема поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска. 

Серотонинот е хормон кој е поврзан со регулацијата на расположението и е познат клучен фактор во севкупното ментално здравје. Ниските нивоа на серотонин може да предизвикаат:

  • Депресија
  • Анксиозност 
  • Несоница
  • Други ментални проблеми. 

Многу луѓе користат лекови кои помагаат во регулација на расположението, но добро е да се знае дека одредени намирници може да го поттикнат производството на серотонин во организмот. Дополнително, додатоците во исхраната кои содржат триптофан може да го зголемат нивото на серотонин. 

намирници кои го подобруваат расположението

За да се подобри расположението, се препорачува користење на L-Tryptophan и промени во исхраната. Почесто треба да се консумираат следните намирници:

Јајца

Протеините кои ги содржат јајцата може значително да помогнат во зголемувањето на нивото на триптофан, а тоа го докажала една студија од 2015 година.  Жолчките од јајцата се богати со триптофан, а содржат и:

  • Тирозин
  • Холин
  • Биотин
  • Омега-3 масни киселини.

Сирење

Сирењата се одличен извор на триптофан. 

Ананас

Ананасот е богат со серотонин. Најдобро е да се консумира свеж. 

Тофу

Производите од соја, како што е тофуто се богати со триптофан. Особено се препорачуваат за вегани и вегетаријанци, за надполнување на протеините во исхраната. 

Лосос

Лососот е уште еден добар извор на триптофан. Покрај тоа има и други придобивки:

  • помага за балансирање на холестеролот
  • го намалува крвниот притисок
  • е добар извор на омега – 3 масни киселини.

Семиња и јаткасти плодови 

Избери ги твоите омилени семиња или јаткасти плодови затоа што сите содржат триптофан. Според една научна анализа од 2018 година, редовната консумацијата на јатки помага за намалување на ризикот од срцеви заболувања преку подобрување на липидниот статус во крвта. Семињата и јатките се добар извор на растителни влакна, витамини и антиоксиданси. 

Мисиркино месо

Мисиркиното месо е богато со триптофан. Трудете се почесто да го вклучите во исхраната. 

Дали и кај нас постојат додатоци во исхраната кои содржат триптофан? 

Да, во последните години и кај нас се достапни додатоци кои содржат триптофан. Како додаток во исхраната, триптофанот најчесто се зема при несоница, вознемиреност и депресија. Доколку ви е потребен дополнителен внес на триптофан, го препорачуваме NOW® L-Tryptophan. Овој додаток:

  • поддржува релаксација
  • поддржува позитивно расположение
  • поддржува мирно спиење.

Се препорачува да се зема 1-2 капсули, 2-3 пати дневно на празен стомак, со последната доза пред спиење, или како што е препорачано од доктор.

L-Tryptophan може да се набави од аптеките или да се нарача преку веб продавницата на vitamini.mk со 40% попуст.

триптофан

Совет плус:

На крај, би сакала да споменам дека L-Tryptophan НЕ СМЕЕ да се зема заедно со антидепресиви (MAOI, SSRI), клоназепам, лоразепам, фенобарбитал, декстрометорфан, меперидин, трамадол…. бидејќи може да доведе до Серотонински синдром. Овој синдром настанува кога постои вишок на серотонин во мозокот.

Сакаш да користиш L-Tryptophan или имаш дополнителни прашања? 

За сите дополнителни информации и консултации, контактирајте ги vitamini.mk на нивниот телефонски број 02/32 46 000, секој работен ден од понеделник до петок од 8-16 h или на e-mail: info@trimeks.com.mk.

Може да те интересира: Триптофан за мирен сон и добро расположение.

*Текстот е овозможен од vitamini.mk.

Сподели: