Ако имате тиквички и не знаете што да направите за јадење, имаме супер предлог за вас. Погледнете го нашиот извор сега на најдобрите, лесни и испробани рецепти со тиквички кои ги припреми ја авторите на Сѐ за храна.
Тиквичките се нискокалорчина храна, идеална за летниот период и може да се направат на голем број начини. Можеби досега сте ги приготвувале само со пржење, но добро е да ги испробате овие избрани рецепти кои се наши фаворити.
Пилешко со тиквички во кари сос
Лесен и едноставен рецепт за сите обожаватели на пилешко во кари сос! Овај пат во нашата кујна ви приготвивме интересен предлог за пилешко во кари сос во комбинација со тиквички, кој може да го послужите за ручек или вечера.
Лазања од тиквички со фил од мисиркино месо и урда
Предлогот за оваа лазања од тиквички со фил од мисиркино месо и урда е наменет за сите кои водат активен животен стил, вежбаат, се хранат здраво, како и за оние кои водат грижа за изгледот и килограмите. Рецептот може да го прочитате тука.
Помфрит од тиквички со млечен сос
Совршено мезе за убаво друштво со пријателите! Креативната Клара и овој пат ни припреми интересен рецепт за помфрит од тиквички во комбинација со освежителен сос од краставица и кисела павлака.
Печени тиквички со сос од лук
Испробано и многу вкусно! Овој предлог за печени тиквички ни доаѓа од кујната на Диана, па ако досега ги немате пробано, направете ги денес. Рецептот прочитајте го тука.
Ќофтиња од тиквички и бајат леб
Ако ви останал повеќе леб од претходните денови, немојте да го фрлате. Има повеќе начини да го искористите. Со оглед дека ниту една храна не треба да се фрли, Катерина ни дава едноставен, брз и лесен рецепт за да го искористиме вишокот леб и да направиме вкусни ќофтиња од тиквички и бајат леб. Рецептот може да го прочитате тука.
Уштипци од тиквички и урда
Лесен, вегетаријански и едноставен рецепт за уштипци од тиквички и урда, кој сигурно ќе се најде на вашата трпеза. Одлична комбинација на состојки, која ќе го задоволи сечиј вкус! Рецептот може да го прочитате тука.
Печени похувани тиквички
Ова е нашиот омилен начин за приготвување на тиквички. Брзо и лесно, а што е најважно здраво. Топло ви препорачуваме да ги пробате. Рецептот прочитајте го тука.
Похувани печени тиквички во рерна
Лесно и брзо може да направите вкусно јадење од печени тиквички во рерна. Комбинацијата од тиквички, копар и пармезан сигурно ќе ви се допадне, а вреди да се проба.
Ќофтиња од тиквички и изварка
Во нашата кујна ви припремивме лесен, брз и здрав рецепт за печени ќофтиња од тиквички и изварка кои убаво изгледаат и се многу вкусни. Рецептот може да го прочитате тука.
Ви предлагаме да прочитате: Посен намаз од тиквички.